5 навики на жените кои никогаш не доцнат

5 навики на жените кои никогаш не доцнат

Иако делува како хроничното доцнење да е одраз на непристојноста, управувањето со времето може да биде потешко отколку што изгледа. Многу често, доцнењето е вкоренето во нешто психолошко, како што е стравот од мирување. За среќа, постојат поедноставни работи кои можете да ги направите, но и навики кои можете да ги присвоите за да станете сосем нова личност – онаа која е секогаш на време.

5 навики на жените кои никогаш не доцнат

1. Тие се будат кога е време за будење

Будењето е првата работа во денот која не треба да се одложува. Без оглед дали го притискате копчето за одложување на алармот или го гасите, па се будите половина час подоцна, будењето може многу лесно да се избегне. Затоа, станувањето од креветот за да го деактивирате алармот е сигурен знак дека ќе станете, но и дека нема повторно да заспиете.

2. Тие утрото го планираат од претходната вечер

Утрото е најзафатениот дел од денот кога секогаш се брза. Но, за да не брзате, можете некои од обврските да ги испланирате и подготвите од претходната вечер, на пример што ќе облечете, што ќе појадувате… Потребно ви е малку време за да си обезбедите лесно и мирно утро.

3. Тие ги препознаваат грешките и ги исправуваат

Доколку скоро секое утре се враќате дома за да го земете заборавениот телефон, очилата за сонце, клучевите и слични објекти, тогаш направете еден распоред каде ќе ги оставате, на пример на масичката пред излезната врата, и практикувајте го тој распоред постојано. Жените кои никогаш не доцнат знаат што треба да направат за да бидат точни. Почнете да ги идентификувате своите специфичности.

4. Тие се имуни на синдромот „само уште една работа“

Многу ретко ќе слушнете од жените кои никогаш не доцнат дека треба да направат „само уште една работа“ пред да тргнат. Тоа е така, затоа што се свесни дека тоа никогаш не е „само уште една работа“ и дека е потребно да се издвои дополнително време за да се заврши подготовката.

5. Тие знаат кога својата работа ја работат најдобро

Жените кои немаат проблеми со доцнењето се свесни за своите енергетски циклуси. Тие знаат кое време е идеално за разните типови активности. Ако наутро се чувствувате психички најподготвени, тогаш најтешките обврски оставете ги за тогаш. Со правењето распоред со цел да го зголемите перформансот можете многу лесно да го елиминирате доцнењето и да заштедите на време. Организацијата е клучна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар