Љубовно писмо до сите мажи: Јас сум жена, не сум предмет
Една девојка сакала да им се обрати на сите мажи ширум светот и да им објасни дека жените не се предмети и не треба да се доживуваат како сопствеништво. Таа исто така сакала да им каже и дека тие имаат потреба од љубов, внимание, разбирање, како и внимателно пристапување. Погледнете го моќното писмо од девојката позната под псевдонимот „Повеќе од убаво лице“.

[message_box title=”” color=”yellow”]
Драги мажи,
Јас сум жена
Не сум предмет.
Не сум ни број на скала.
Јас сум кожа,
Јас сум срце со нерви и емоции.
Ако ме удрите, ќе ме боли…
Јас не сум само предмет за некој да ме посакува.
Не сум само привлечна и невина…
Јас сум чиста, и промискуитетна.
Низ животот носам етикета: лесно кршлива, пристапи со внимание.
Јас сум како книга напишана со зборови
Кои не можете секогаш да ги разберете.
Мојот ум е како речник на храброста и добротата
Иако вие го некогаш тоа го читате како слабост.
Моето срце е како поезија,
Тежнее за сладок мед
И сè уште чекам некој кој ќе умее да ме чита меѓу редови.
Јас сум само нежна жена сфатена на погрешен начин
Жена, борец на кој мажите некогаш ѝ беа сè,
а сега ништо.
Со почит,
Повеќе од убаво лице
[/message_box]
