15 знаци дека секогаш ќе доцните

Ги миете забите додека ги облекувате пантолоните и јадете додека со едната рака ги врзувате чевлите. Вашиот телефон ѕвони непрекинато во изминатите дваесет минути, а сѐ уште не сте избрале ни која кошула ќе ја облечете за излегувањето. Вашето доцнење станува хроничен проблем во друштвото, па решавате еден ден да ги изненадите и да пристигнете пред закажаното време. И од никаде, сосема случајно, пред вас се појавува Јутјуб и заглавувате таму гледајќи смешни видеа со мачки, па повторно ве чекаат повеќе од половина час. Да, вие нема да стигнете точно на време, никогаш и никаде во животот и следниве знаци го покажуваат токму тоа!

15 знаци дека всушност секогаш ќе доцните

1. Дел од вашата рутина на подготвување вклучува и извинување, кое објаснува зошто ќе доцните 15 минути.

2. И веќе го смислувате изговорот во вашата глава, дури и пред да бидете сигурни дека ќе доцните.

3. Исто така издвојувате 2 часа за да ја наместите косата или да изберете облека, најчесто поради тоа што поминувате час и четириесет и пет минути од тоа време во лежење на креветот и буквално безделничење.

4. Бројот на случаи кога сте испратиле порака „Доаѓам!“ додека сѐ уште не сте ги облекле ниту пантолоните е навистина голем.

5. Доцните дури и кога сте се договориле вашиот колега да ве собере со автомобил. Некако пред да излезете од дома ви излегуваат уште 3 други нешта кои го бараат вашето внимание.

6. Кога доцнењето е апсолутно исклучено, во ситуации кога се работи за интервју за работа, свадба или авионски лет, тогаш се откажувате од барем 1 до 2 часа спиење, кои ги додавате на нормалното време потребно за подготовка. И сепак на крај трчате и стигнувате во последна минута.

7. Бројот на пати кога го притискате копчето за снуз на вашиот телефон секое утро е навистина навредлив. Тоа е главната причина поради која секојдневно на работа доаѓате испотени и без здив затоа што трчале.

8. И кога другите луѓе се шегуваат дека наутро го исклучуваат алармот два или три пати пред да станат, вие си размислувате „Ох, колку слатко“.

9. Кога правите планови во групна порака, секогаш вас ве прашуваат во кое време точно да се сретнете.

10. Вообичаено е другите да изберат време и потоа да додадат дваесет минути, до половина час гратис период за вашето пристигнување.

11. Секогаш правите планови во вашата глава дека ќе стигнете порано овој пат за да им покажете дека можете. Но потоа навлегувате во црна дупка од бескорисни нешта, како гледање видеа на Јутјуб, читање артикли на Википедија за нешта кои воопшто не ви е грижа и бескрајно „шетање“ на по ѕидовите на Фејсбук и Инстаграм. И следното нешто кое го правите е пишување порака со изговор зошто доцните.

12. Кога немате никаков притисок од време, никогаш нема сообраќаен метеж и секогаш ги фаќате зелените светла на семафорот. Но кога веќе доцните 15-тина минути, сѐ што може дополнително да придонесе кон вашето време на доцнење, ќе тргне наопаку.

13. И потоа кога на вашите пријатели ќе им објаснете за сите овие луди причини зошто доцните повеќе од вообичаеното, тие само незаинтересирано ќе се насмевнат затоа што многу добро ги знаат вашите изговори.

14. Не сте сигурни како изгледа некаде да одите лежерно и без брзање бидејќи вие секогаш сте личноста која ги заобиколува лежерните личности затоа што веќе доцните.

15. Луѓето често велат дека доцнењето е знак на ароганција, како вашето време да е поважно од времето на другите. И дефинитивно разбирате зошто би го рекле тоа и зошто се чувствуваат така. Но во реалноста, вашето доцнење е само знак дека сте премногу оптимистични неранимајковци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар