15-те најубави новогодишни и божиќни пазари низ Европа - Part 2

15-те најубави новогодишни и божиќни пазари низ Европа

6. Вроцлав, Полска

Ова е помалку познат, а сепак подеднакво пријатен пазар, лоциран на плоштадот во стариот дел од градот.

7. Стразбур, Франција

(5)-15-najubavi-bozhikjni-pazari-niz-evropa-kafepauza.mk

Основан во 1570 година, божиќниот пазар во Стразбур е навистина специјално место кое мора да го видите. Познат е како најстариот божиќен пазар во Франција и место каде што може да се пробаат најубавите Алсатиски рецепти.

8. Талин, Естонија

(8)-15-najubavi-bozhikjni-pazari-niz-evropa-kafepauza.mk

Божиќниот пазар е лоциран на плоштадот пред Градското собрание и изгледа како сцена од некој Дизниев филм. Малечки колиби ја опкружуваат најпознатата новогодишна елка во земјата.

9. Копенхаген, Данска

(0)-15-najubavi-bozhikjni-pazari-niz-evropa-kafepauza.mk

Прославата на Божиќ во Копенхаген изгледа бајковито како што и звучи. Божиќниот пазар во Градините Тиволи е полн со украсени, дрвени куќи, дрвја полни со снег и секако Дедо Мраз.

10. Хелсинки, Финска

(14)-15-najubavi-bozhikjni-pazari-niz-evropa-kafepauza.mk

Божиќниот пазар во Хелсинки ги истакнува најдобрите ресторани во градот, како и рачно изработените предмети и колачи, перфектни за вашиот дом.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар