14 долготрајни холивудски врски што ќе ви дадат верба во љубовта - Part 2

14 долготрајни холивудски врски што ќе ви дадат верба во љубовта

8. Вил Смит и Џејда Пинкет Смит

14 долготрајни холивудски врски што ќе ви дадат верба во љубовта

Овој моќен пар е заедно 20 години и Вил открива дел од нивната тајна за долготрајна љубов. Според него, тоа е отстапување од традицијата:

„Престанавме да си даваме подароци на празници, бидејќи луѓето ги очекуваат, па ние се изненадуваме едни со други на обичен ден, на обичен датум. Така изненадувањето е поголемо и ја дава енергијата која уште долго ќе се чувствува.“

Парот има две деца заедно, кои се на пат и самите да градат успешни кариери.

9. Ози и Шерон Озборн

14 долготрајни холивудски врски што ќе ви дадат верба во љубовта

Познатата двојка се запознала во 70-тите години, а во брак се од 1982 година. Минатата година решиле да ги обноват своите завети, по што Ози рекол:

„Тоа е брак, тоа е патување. Понекогаш одиме надолу, правиме грешки, но многу е важно да има некој да нè чека кога ќе сме горе, да ни укаже на грешките. Јас ја имам Шерон. Нашата врска сега е подобра од кога било порано.“

10. Дензел и Паулета Вашингтон

14 долготрајни холивудски врски што ќе ви дадат верба во љубовта

Дензел и Паулета се веќе 34 години заедно и сè уште чувствуваат огромна љубов еден за друг имаат. И двајцата се согласуваат кога велат дека ништо не се случува магично. На секој успех му претходи работа, но духовната основа и балансот им помагаат – како во бракот, така и во работата и во сопствениот душевен мир.

11. Дејвид и Иман Боуви

14 долготрајни холивудски врски што ќе ви дадат верба во љубовта

Сомалиско-американскиот супермодел Иман и британската рок легенда Дејвид биле заедно 25 години, односно сè до смртта на Дејвид во 2016 година. Тој не ја криел неговата привлечност кон Иман ни на првите состаноци, баш напротив, во неговата глава веќе имал договор дека таа ќе биде неговата сопруга. Но, и Иман знаела дека тој е вистинскиот уште по втората недела од нивното запознавање:

„Доаѓав од Париз до Лос Анџелес, вратите од авионот се отворија, излегов и видов како толпа луѓе сликаат некого. И тој стоеше таму, со цвеќиња во рака, без обезбедување. Тоа беше моментот кога сфатив дека Дејвид е мојот ангел чувар.“

12. Лили Томлин и Џејн Вагнер

14 долготрајни холивудски врски што ќе ви дадат верба во љубовта

Ова динамично дуо е заедно неверојатни 47 години, од кои само 4 се во брак. Како партнери од 1971 година, тие заедно имаат освоено три Еми награди. Вагнер има тенденција да се држи надвор од центарот на вниманието, но на Томлин не ѝ пречи тоа. На прашањето зошто се одлучиле за брак, таа секогаш вели:

„Нашата љубов е иста, без разлика дали сме или не сме во брак. Но не ја сакаме традиционалноста, дури и сега кога се одлучивме за ваков чекор ги одбегнуваме прстените, невестинските фустани, и сè што потсетува на просечна свадба.“

13. Џеј Зи и Бијонсе

14 долготрајни холивудски врски што ќе ви дадат верба во љубовта

Можеби најзборуваниот пар на денешницата, Бијонсе и Џеј Зи се запознавале околу 2000-та година, кога таа имала само 19 години, а Џеј Зи 31. Денес, 18 години подоцна, тие успеваат да ги демантираат сите гласини за неверства и плагијати, и да опстанат уште посилни заедно со три прекрасни деца.

„Јас не би била жената којашто сум денес, ако не бев заедно со него. Важно е да имате некој искрен до вас, некој толку многу сличен со вас“, вели Бијонсе, на што Џеј Зи додава: „Таа е мојата сродна душа.“

14. Порша де Роси и Елен Деџенерис

14 долготрајни холивудски врски што ќе ви дадат верба во љубовта

Порша и Елен се едни од најпознатите неконвенционални двојки, а за нивната заљубеност и меѓусебната посебна енергија, раскажуваат во секоја прилика. Од 2008 година тие се и во брак, а Елен цврсто ги демантира последните гласини за нивниот развод велејќи:

„Ние не само што не сме близу до разделување, туку немаме никакви кавги и сме цврсто вљубени. Претпоставувам тоа е здодевно за слушање, па затоа и се измислени ваквите гласини.“

Љубовта не гледа возраст: Дознајте и кои се славните парови со најголеми разлики во годините!

Автор: Марија Николовска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар