11-те најопасни туристички дестинации

11-те најопасни туристички дестинации

Погледнете ги најопасните и најморничавите туристички дестинации ширум светот. Ако сакате вашиот одмор да биде малку опасен, овие места се само за вас. Во спротивно, пазете се!

1. Долина на смртта, САД

(1)11-najopasni-turistichki-destinacii-kafepauza.mk

Ако Земјата е нашиот дом, тогаш Долината на смртта е нејзината печка. Оваа прекрасна пустина го држи рекордот за највисоката температура која е измерена на нашата планета – 56,7 степени Целзиусови. Без разлика колку сте силни, сонцето и огромната топина на Долината на смртта ќе ве изморат многу брзо. Без вода, овде би живееле само околу 14 часа.

2. Пустината Данакил, Еритреја

(2)11-najopasni-turistichki-destinacii-kafepauza.mk

Високи температури кои достигнуваат и до 50 степени Целзиусови, бројни активни вулкани, гејзери кои исфрлаат отровни гасови – тешко е да се замисли побрутален пејзаж од оној на африканската пустина Данакил. Многу луѓе веројатно ја сметаат за „пекол на земјата“, но сепак привлекува многу храбри авантуристи од целиот свет. Само имајте на ум дека самостојната посета на пустината Данакил, без искусен водич, е строго забранета.

3. Планината Вашингтон, САД

(3)11-najopasni-turistichki-destinacii-kafepauza.mk

Врвот на планината Вашингтон го држи светскиот рекорд за најбрзите ветришта на Земјата. Најголемата брзина која е забележана овде е 327 километри на час. Силните ветришта не се единствената грижа во овој предел – смрзнувачките температури можат да се спуштат и до -40 степени и постојаните обилни врнежи од снег ја прават оваа планина многу опасно место. Без разлика на просечната височина од 1.917 метри, планината Вашингтон е еден од најсмртоносните врвови. Притисокот што го искусува човечкото тело на оваа планина може да се спореди со оној кој се искусува на Монт Еверест.

4. Вулканот Синабунг, Индонезија

(4)11-najopasni-turistichki-destinacii-kafepauza.mk

Овој активен вулкан е сместен на индонезискиот остров Суматра. Ерупциите се многу чести и ги оставаат луѓето без засолниште и живеалиште. Околните градови и села биле целосно покриени со лава веќе неколкупати: во 2010, 2013, 2014 и 2015 година. Последната ерупција била на 27 февруари, 2016 година. Ерупцијата исфрлила смртоносен облак од вулкански гас, камења и пепел во висина од 2.500 метри. И никој не знае што може да се случи утре.

5. Змискиот Остров (Iha da Queimada Grande), Бразил

(6)11-najopasni-turistichki-destinacii-kafepauza.mk

Скриен негде на бреговите на Бразил, овој остров е познат како најопасното место на планетата. Причината за ова е многу едноставна – островот е полн со едни од најотровните змии во светот. Истражувачите утврдиле дека околу 5 змии живеат на еден метар квадратен. Бразлиските власти забраниле секакви посети на островот.

Преминете на следната страница за останатите опасни дестинација…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар