11 секојдневни навики кои се многу одвратни иако не сте ни свесни за тоа

11 секојдневни навики кои се многу одвратни иако не сте ни свесни за тоа

Дали постојано ги триете очите и ги грицкате ноктите? Или пак сте од оние кои го користат ракавот од маицата за да отворат врата? Факт е дека бактериите се насекаде и нема да можете целосно да ги одбегнете колку и да се трудите. Меѓутоа, постојат неколку секојдневни навики кои сите ги правиме понекогаш, без да бидеме свесни колку се одвратни. Станува збор за едноставни работи кои лесно би можеле да бидат одбегнати, бидејќи не бараат никакви поголеми промени во начинот на живот. Па, за што точно станува збор? Во продолжение дознајте кои се најодвратните секојдневни навики…

11 секојдневни навики кои се многу одвратни иако не сте ни свесни за тоа

1. Одново ја користите шолјата за кафе

Едно истражување од Универзитетот во Аризона открило дека 20% од шолјите за кафе што се користат во канцелариите имаат фекални бактерии, додека, пак, 90% од нив содржат други различни бактерии. Уште пострашно е тоа што овие бактерии можат да живеат на шолјите цели 3 дена! Најдобро е да си носите чиста шолја од дома или добро да ја измиете канцелариската шолја пред ја употребите.

11 секојдневни навики кои се многу одвратни иако не сте ни свесни за тоа

2. Заборавате да го смените валканиот сунѓер за миење садови

Сигурно и самите знаете дека нема ништо полошо од стар сунѓер, но дали сте навистина свесни колку е тоа страшно? Некои истражувања откриле дека валканиот сунѓер може да биде 200.000 пати понечист од тоалетната шолја и може да содржи по 10 милиони бактерии на секој сантиметар квадратен. Сунѓерите ви ги допираат рацете, лавабото, садовите, приборот за јадење… Не заборавајте редовно да ги менувате сунѓерите!

11 секојдневни навики кои се многу одвратни иако не сте ни свесни за тоа

3. Не внимавате каде го ставате мобилниот телефон

Сигурни сме дека не би сакале да имате контакт со тоалетна шолја, но дали знаете дека нашите мобилни телефони можат да содржат исто толку бактерии? Овие видови бактерии можат да предизвикаат инфекции на очите, дијареа и настинка. Но, за среќа, постои едноставно решение за овој проблем: Најдете чистач за телефони на база на алкохол. И искрено сите би требало да престанеме да ги носиме телефоните во тоалет иако сакаме да имаме занимација додека сме таму.

11 секојдневни навики кои се многу одвратни иако не сте ни свесни за тоа

4. Ги грицкате ноктите

Иако сите знаеме дека ова е лоша навика, сепак не сме свесни колку е навистина штетна. Преку грицкањето на ноктите можете да внесете најразлични бактерии во устата и да се изложите на ризик од настинка и други болести.

11 секојдневни навики кои се многу одвратни иако не сте ни свесни за тоа

5. Спиете на истата навлака за перница

Истражувачите од државниот универзитет во Северна Каролина побарале од испитаниците да земат брис од различни делови од нивниот дом и дошле до шокантно откритие. Тие не можеле да направат разлика меѓу брисовите од навлаките за перница и тоалетната шолја. Ако ви требаше мотивација почесто да ја перете постелнината, ова би требало да ви послужи.

11 секојдневни навики кои се многу одвратни иако не сте ни свесни за тоа

Продолжете на следната страница за да видите кои се останатите одвратни навики на кои треба да внимавате…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар