10 работи што не сте ги знаеле за најпопуларната играчка од 80-тите

10 работи што не сте ги знаеле за најпопуларната играчка од 80-тите

Рубиковата коцка се состои од шест страни со девет квадрати во бела, црвена, портокалова, сина, жолта и зелена боја, кои треба да бидат распоредени така што секоја страна да има една боја. Тоа беше една од најпопуларните играчки во 80-тите години на минатиот век. Еве што можеби не знаете за неа.

10 работи што не сте ги знаеле за најпопуларната играчка од 80-тите

1. Рубиковата коцка е измислена од унгарскиот професор и скулптор Ерно Рубик во 1974 година за да им ја објасни 3Д геометријата на неговите студенти. Тој го патентираше својот изум во 1977 година под името волшебна коцка, но тој не стана популарен сè до 1980 година кога беше лиценциран за Ideal Toy Co.

2. За само три години се продадени 100 милиони парчиња, а до денес се купени повеќе од 350 милиони примероци. Не е изненадувачки, што честопати се нарекува најпродавана играчка во светот.

3. Математичарите пресметале дека Рубиковата коцка има 519 000 000 000 000 000 000 можни комбинации.

4. Се верува дека повеќе од милијарда луѓе се обиделе барем еднаш во животот да ја сложат Рубикова коцка.

5. Првиот натпревар беше организиран од Гинисовата книга на рекорди во март 1981 година во Минхен. Jури Фроешл ја доби победата со сложување на коцката за 38 секунди.

6. Холанѓанецот Матс Волк ја носи титулата на личност која најбрзо ја состави коцката. Тој го сруши рекордот двапати – прв пат во 2013 година кога го направи тоа за 5,55 секунди (имаше само 17 години) и во 2016 година кога го стори истото за 4,74 секунди.

7. Тринаесетгодишниот Патрик Босерт од Англија во 1981 година објави водич наречен „Можете да ја направите коцката“ во кој го објаснува процесот на решавање на сложувалката, односно покажува дека секој може да состави Рубиковата коцка.

8. Коцката беше толку популарна во САД, што Еј-Би-Си нарача 13 епизоди од анимираната серија „Рубик, магичната коцка“, која се емитуваше во сабота наутро во текот на 1983 година.

9. Diamond Cutters International за 15-годишнината од официјалното пуштање во продажба на коцката за меѓународниот пазар (1995) направија целосно функционална коцка Рубик украсена со дијаманти од 185 карати. Вредноста на коцката тогаш беше милион долари. Покрај тоа, компанијата направи 2.500 „поевтини“ сребрени верзии кои се продадоа за 2.000 долари или околу 13.000 американски долари.

10. По повод 40-годишнината од светското претставување на коцката, јапонската компанија MegaHouse ја направи својата најмала варијанта. Најмалата коцка Рубик тежи само два грама и има големина од 99 милиметри.

Овие 10 факти што може да ве натераат да се посомневате во сè што знаете за светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.
  1. Александар Reply

    Стара ви е информацијата за најбрзо сложување на коцката. Од 2016та уште 6 пати беше рушен рекордот. 3.47 е најбрзото време.

    • Маријана Гаврилова Reply

      Благодариме за информацијата.

Напиши одговор на Александар Откажи одговор