10 причини зошто интелигентните луѓе обожаваат сарказам

10 причини зошто интелигентните луѓе обожаваат сарказам

Доколку сте љубители на ТВ сериите и сарказмот сигурно ги обожавате досетките на доктор Хаус или на Чендлер од „Пријатели“. Во тој случај веројатно и ви е јасно дека вашите омилени ликови поседуваат неверојатна интелигенција која ги издвојува од останатите. И покрај тоа, многумина велат дека сарказмот служи само за да се повредат другите луѓе и сметаат дека се користи како одбранбен механизам од страна на поединците кои имаат ниска самодоверба. Но, најновите истражувања покажале дека луѓето кои ги обожаваат саркастичните шеги се навистина интелигентни и елоквентни. Доколку сѐ уште сте скептични околу веродостојноста на тоа откритие, следниве 10 причини ќе ве убедат зошто сарказмот е навистина корисен и брилијантен…

10 причини зошто интелигентните луѓе обожаваат сарказам

1. Сарказмот помага да ги прочитате луѓето

Според психолозите од Универзитетот во Хаифа, способноста за разбирање на умствената состојба и емоции кај луѓето е поврзано со нашата способност да го разбереме сарказмот. Тоа значи дека овие луѓе нема да можете да ги излажете. Тоа е исто како да се обидете да излажете менталист или читач на мисли.

2. Сарказмот е знак на висока интелигенција

Истражувањата покажале дека човечкиот мозок мора да работи побрзо за да го разбере сарказмот. Тоа значи дека кај саркастичните луѓе мозокот секогаш работи 100 на саат.

3. Саркастичните луѓе се одлични кога станува збор за решавање проблеми

Кога мозокот работи со полна пареа, тоа значи дека личноста е способна да го најде решението на проблемот многу побрзо од останатите. Во случај на зомби апокалипса, знаете кому да се обратите.

4. Клучот за вештите комуникациски способности е во нивни раце

Според еден лингвист од колеџот МекАлистер, сарказмот е речиси главниот јазик во модерното општество. Саркастичните луѓе се секогаш во центарот на вниманието и ним никогаш не им е здодевно.

5. Тешко е да ги вознемирите љубителите на сарказмот

Саркастичните луѓе се доволно паметни за да не сфаќаат сѐ при срце. Тие не само што можат да ги издржат зададените удари, туку и им поставуваат предизвици на другите луѓе. Таквата личност дефинитивно не може да се нарече жртва.

10 причини зошто интелигентните луѓе обожаваат сарказам

6. Сарказмот е корисен за психичкото здравје

Според истражувањето на невропсихолозите од Универзитетот во Калифорнија, доколку човекот не може да го разбере саркастичниот одговор, тоа е потенцијален знак за мозочно заболување. За да останеме психички здрави, потребно е почесто да користиме саркастични забелешки.

7. Саркастичните луѓе им помагаат на пријателите и роднините да станат попаметни

Со тоа што постојано комуницираат со луѓето, љубителите на сарказмот почнуваат да влијаат на нивниот мозок. Тоа значи дека ако поминувате повеќе време со саркастична личност, без разлика дали заедно излегувате или гледате телевизија, вашиот мозок ќе почне да работи побрзо од вообичаено за да може да ги разбере шегите на вашиот соговорник.

8. Саркастичните професионалци можат да ја добијат вербалната битка само со еден збор

На саркастичните луѓе им нема рамен кога станува збор за војната со зборови. Ако некој се осуди да ги навреди, набрзо ќе зажали, бидејќи понекогаш зборовите знаат да болат повеќе од физичките удари.

9. Тие можат да ве навредат и насмеат истовремено

Можеби реченицата: „Не сум се качувал до врвот на синџирот за исхрана за да бидам вегетаријанец, но ќе направам исклучок за тебе“ ќе ви звучи смешно, но кога ќе размислите подобро, саркастичниот поединец штотуку го навредил вашиот начин на живот. Нема да знаете дали да се налутите или да се заблагодарите.

10. Имаат пријатели кои вистински ги сакаат

Сарказмот може да претставува вистински предизвик за опстанокот на едно пријателство. Не може секој да ги издржи сите тие саркастични шеги и досетливи забелешки. Можеби е тешко да се биде пријател со саркастичен човек, но во секој случај е многу забавно. Особено кога по некое време ќе можете да си разменувате шеги кои никој друг нема да ги разбере.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Jas Reply

    ,,Сарказмот е корисен за психичкото здравје” можеби е добар за психичкото здравје на саркастичните луѓе мачители но не и за жртвите, за нив е како отров кој што делува на психичкото здравје а и ако се толку интелигентни би требало да знаат дека со тоа навредуваат други луѓе и да ѓи задржат за себе и сличните како нив тие гадни шеѓи!

Напиши одговор на Jas Откажи одговор