Животната цел на жената не е само да им угодува на другите

Животната цел на жената не е само да им угодува на другите

Уште во минатото постоела одредена слика за жената дека таа пред сѐ треба да биде добра мајка и сопруга која ќе се грижи за семејството и домот, и ќе ги исполнува сите потреби на нејзиниот маж. Денес, работите се малку сменети со тоа што жените се понезависни, заработуваат и имаат повеќе можности, но сепак генералното мислење е останато исто: Жената треба да им угодува на останатите. Свесно или несвесно, родителите ги воспитуваат нивните ќерки на тој начин што им го всадуваат мислењето во глава дека ако тие не можат да ги исполнат туѓите потреби и очекувања, светот ќе ги смета за безначајни и ќе ја изгубат нивната вредност. Нормално дека и мажите се наградувани доколку ги прават другите среќни, но нашата култура не ги учи дека тоа е нивна работа. Од друга страна, пак, на жените им се промовира мислењето дека тие постојат само за да ги задоволуваат другите. Доколку не го направат тоа, ќе се чувствуваат безвредно.

Животната цел на жената не е само да им угодува на другите

Можеби тука лежи причината зошто жените почесто имаат ниска самодоверба, не се задоволни со нивниот физички изглед и се поанксиозни од мажите. Постојаниот притисок да им се угодува на луѓето прави да се чувствувате како да не сте доволно добри. За да се заштитат себеси од потенцијалната општествена казна во случај да не им угодат на другите, жените учат како постојано да водат сметка за нивниот изглед и начин на однесување.

Факт е дека жените не би требало да се чувствуваат така. Со цел да се подигне свеста за овој проблем, прочитајте ги следниве неколку начини преку кои жените учат дека нивната вредност лежи во очите на другите луѓе…

Жените треба да бидат убави

Животната цел на жената не е само да им угодува на другите

И тоа ги учат на многу одредена и ограничена дефиниција за „убавината“. Уште од рана возраст, девојчињата слушаат како жените се изложени на постојани критики ако се дебели или грди. Слушаат пофалби доколку се убави и слаби. И тие даваат сѐ од себе за да се вклопат во тие нереалистични стандарди за убавина преку облеката, шминката, вежбањето и држењето диети, само за да им се допаднат на другите. Доколку не можат да го постигнат тој идеал, другите ги тешат дека постои некој во светот кому ќе му бидат привлечни. Но, ретко кој им вели дека сосема е во ред и никој да не ги смета за убави. Нема ништо лошо во тоа да се ужива во модата, шминкањето, вежбањето или здравата исхрана. Поентата е дека не морате да ги правите тие работи доколку не сакате. Дури и вашето лице да не му е привлечно никому во просторијата, вие имате исто толку право да бидете таму колку и некоја девојка чиј изглед ги задоволува очите на другите.

Жените секогаш треба да бидат насмеани

Животната цел на жената не е само да им угодува на другите

На жените им се вели дека треба да им се смешкаат на познатите и непознатите луѓе, за да изгледаат попривлечно. Понекогаш, тие веруваат дека смеењето ќе им го подобри социјалниот живот. Но, она што ќе ви дозволи да бидете свои и истовремено да им се допаднете на луѓето кои ви значат е доколку ги покажувате искрените емоции што ги чувствувате, какви и да се. Кога им се вели на жените да се смеат, со други зборови им се вели да бидат убави и со тоа се пренесува пораката дека нивното лице треба да изгледа на начин кој би делувал попривлечно, без оглед на тоа како жената навистина се чувствува. Тоа не е во ред и ниту една жена не би требало да се заморува со тоа.

Жените треба да бидат тивки

Животната цел на жената не е само да им угодува на другите

Жените ги учат да не ги вознемируваат другите со тоа што секогаш ќе молчат. Идејата е следнава: Ако не го искажуваат нивното мислење, нема да навредат никого. Кога жената јасно и гласно го брани својот став, тогаш таа се смета за наметлива и премногу заповеднички настроена, но доколку мажот го направи истото тој важи за самоуверен. Ова верување ги уназадува жените на работното место и во приватниот живот, и ги охрабрува луѓето да ги гледаат како предмети, а не како човечки суштества со свој став и мислење.

Треба да им ја предадат контролата на мажите

Животната цел на жената не е само да им угодува на другите

Кога станува збор за љубовните врски и другите односи, ги учат дека треба да им ја предадат моќта на мажите за тие да се чувствуваат пријатно покрај нив. Тоа во основа значи дека за жената да биде посакувана од страна на мажот, треба да биде инфериорна. Секако дека мажот кој навистина го заслужува женското внимание е оној кој ја цени нејзината независност и индивидуалност.

Жените треба да бидат совршени

Животната цел на жената не е само да им угодува на другите

Наместо да ги учат дека треба да ги прифатат нивните недостатоци, жените живеат со сознанието дека не смеат да прават грешки за да не ги вознемират луѓето околу нив. Како последица на тоа, жените се обидуваат сѐ да направат совршено со надеж дека ќе им се допаднат на луѓето, што доведува до голема анксиозност.

Жените не треба да покажуваат колку се паметни

Животната цел на жената не е само да им угодува на другите

Во интерес на тоа мажите да се чувствуваат посупериорни, жените ги учат дека не треба да бидат премногу интелигентни и дека не треба да имаат силен натпреварувачки дух. Како резултат на тоа, жените не им дозволуваат на нивните таленти и интелигенција да заблескаат бидејќи се плашат дека тоа ќе направи другите луѓе, особено мажите, да се чувствуваат инфериорни. Иронично е тоа што од една страна жените ги учат да им угодуваат на другите со тоа што ќе бидат совршени, но од друга страна не треба да бидат премногу добри во ништо за да не претставуваат закана за луѓето.

За жал, некои луѓе навистина ги вреднуваат жените врз основа на тоа дали тие им угодуваат на другите, жртвувајќи ги сопствените желби и потреби. Но, жените евентуално сфаќаат дека такви луѓе не им се потребни во животот. Сите ние заслужуваме луѓе кои ќе сакаат да го правиме она што нѐ прави среќни, без разлика дали тоа ќе им донесе среќа и ним или не.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар