10 предлози за патување во 2018 година

10 предлози за патување во 2018 година

Новата година скоро пристигна, а со тоа и омиленото нешто на речиси секој – составување листа со новогодишни одлуки за следните 12 месеци. Зошто оваа година да не отидете чекор понатаму и да не составите листа со патувања? Кога се фокусирате на патувањето, вам ви се отвора целиот свет. И имајте на ум дека патувањето не мора да биде скапо или заморно. Всушност, кога ќе одвоите време за планирање можете да доживеете вистински авантури без долг пат и без да потрошите многу пари.

1. Посетете земја чиј јазик не го разбирате

(1)10-predlozi-za-patuvanje-vo-2018-godina-kafepauza.mk

Посетете земја во која не го разбирате јазикот. Бидејќи денес речиси секој знае англиски, обидете се да отидете во земја каде што ни овој јазик не се зборува. Ова ќе ве натера посвесно да ја набљудувате околината и навистина да се помачите да комуницирате со другите.

2. Прошетајте ја вашата земја со автомобил

(2)10-predlozi-za-patuvanje-vo-2018-godina-kafepauza.mk

Ако сè уште не сте го направиле ова, сега е време. Иако Македонија не е многу голема, сепак има безброј убавини кои вредат да се видат. Покрај тоа, ова патување ќе биде одличен изговор да поминете време со роднините, родителите или со добрите пријатели, а нема да ве чини многу.

3. Посетете национален парк

(3)10-predlozi-za-patuvanje-vo-2018-godina-kafepauza.mk

Нема потреба од авионска карта за да посетите национален парк, бидејќи и Македонија си има свои. Одржувањето на национално заштитен реон е важен дел од општеството. На овие места ќе уживате во неверојатните пејзажи и ќе сфатите зошто е важно да ја заштитиме природата.

4. Откријте скриено „богатство“ во државата

(4)10-predlozi-za-patuvanje-vo-2018-godina-kafepauza.mk

Одберете кое било место во државата, но само под еден услов – никогаш претходно да го немате посетено. Уште подобро е ако сте немале ни слушнато за местото пред да го посетите. Обично сите ние фантазираме за што подалечни патувања, па не ги ни разгледуваме убавините кои ги имаме во нашата држава.

5. Патување со воз

(5)10-predlozi-za-patuvanje-vo-2018-godina-kafepauza.mk

Сигурно ви е позната изреката дека поважно е патувањето, а не дестинацијата. Ова е вистина, и докажете си го во новата година. Одберете превоз кој обично не го користите и тргнете на патување. Возовите се одличен избор за оваа цел.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар