10 неверојатни приказни кои ќе ве натераат да верувате во карма

10 неверојатни приказни кои ќе ве натераат да верувате во карма

На сите некогаш им се има случено за возврат на направено добро дело да им се исполни некоја желба или, пак, да им се врати како бумеранг некоја лоша постапка. За некои тоа е чиста среќа или несреќа, а некои тоа го објаснуваат со постоењето на појава позната како карма.

1-10-neverojatni-prikazni-koi-kje-ve-nateraat-da-veruvate-vo-karma-kafepauza.mk

Карма е збор кој потекнува од индиската религија, а чие основно значење е чин или дејство. Кога се зборува за карма се мисли на дело кое побудува причинско–последични реакции, па во хиндуизмот и будизмот се смета дека тие реакции целосно го одредуваат сегашниот и идниот живот на човекот.

Следниве неколку приказни опишуваат ситуации за кои луѓето веруваат дека се дело на старата и добра карма. Можеби ќе ве разубедат и вас.

1. Во 1883 година, Хенри Зигланд раскинал со својата девојка која потоа се самоубила. Нејзиниот брат подоцна пукал во Зигланд, по што си го одзел и својот живот. Но Зигланд не бил мртов бидејќи куршумот само го изгребал и се зарил во дрво. Неколку години подоцна, Зигланд решил да го сруши дрвото со динамит бидејќи дотогаш било прилично големо. При експлозијата, куршумот се откачил од дрвото и завршил во главата на Зигланд, убивајќи го.

2. Во 1966 година, на 13 август, сабота, како резултат на коментарот на Ленон дека Битлси се попопуларни и од Господ, радио станицата KLUE од Лонгвју, Тексас организирала едно од првите јавни и масовни палења на плочи и материјали од Битлси. На 14 август, недела, гром ја погодил емитирачката кула на оваа радио станица оштетувајќи ја целата опрема и онесвестувајќи го режисерот. По ова, радио станицата не можела повеќе да емитува.

3. Доколку некогаш сте слушнале за Сигурд Ајстајнсон, тогаш знаете дека ја има отсечено главата на својот противник, а потоа ја носел покрај себе додека одел накај дома. Но притоа бил изгребан од еден од забите на неговиот противник, по што добил инфекција и умрел по само 10 дена.

4. Томас Миџли Џуниор, машински инженер и хемичар, е познат како еден од луѓето кои го откриле оловниот бензин и хлорофлуорокарбоните, притоа предизвикувајќи ја смртта на милиони луѓе низ историјата. Подоцна во својот живот, останал парализиран поради труење со олово. Неговата генијалност му овозможила да создаде направа од јажиња и макари со чија помош можел да се движи. Но додека ја користел, случајно се задавил со јажињата.

5. Џон Сеџвик, генерал на сојузната армија во Американската граѓанска војна, им се потсмевал на своите трупи кои се засолнувале со цел да избегнат да бидат убиени од конфедерациските снајпери, а неговата изрека во тие моменти: „Се срамам од вас. Тие не би можеле да погодат ниту слон на оваа далечина“ е добро позната. Неколку минути подоцна бил погоден во окото и убиен.

6. Мел Игнатов во 1988 година бил ослободен за убиството на неговата девојка Бренда Сју Шефер. Отпосле се појавиле слики кои јасно покажувале дека тој ја врзал за стаклена масичка за кафе во неговиот стан и брутално ја убил, но „двојна опасност“ спречила ново судење и тој добил само 8 години за кривоклетство. По неговото ослободување, тој ја удрил главата и ја исекол раката на истата таа стаклена масичка, по што претрпел спора и осамена смрт поради повредите.

7. Пред првиот натпревар во сезоната во 2000 година, Ли Корсо дал забелешка дека Вирџинија Тек немале никаква основа да играат против неговите омилени Џорџија Тек. Пред самиот почеток играта била откажана и одложена поради громови кои удирале во и околу стадионот, од кои еден го погодил автомобилот на Корсо кој се наоѓал на паркингот.

8. Во 2013 година, бездомникот Били Реј Харис го вратил вереничкиот прстен кој случајно бил фрлен во неговата корпа за донации. Во текот на следната недела, му помогнале да го поправи неговиот велосипед, добил место за живеење и околу 100.000 долари од донации. „Каков постанал светот кога на човек, откако ќе врати нешто што не му припаѓа, му се случува сето ова?“ – Били Реј Харис

9. Маурисио Феро во Сао Паоло, Бразил, бил ограбен два пати додека тој ограбувал продавница. Со цел побрзо да побегне со парите, ја оставил колата запалена и друг крадец му ја украл во меѓувреме. Потоа уште еден крадец му ја украл вреќата со парите додека тој се мислел како да побегне без кола. Откако заминал во полиција да ја пријави кражбата на неговиот автомобил, полицијата веднаш го уапсила бидејќи таму веќе бил сопственикот на продавницата кој го пријавувал него. Неговата изјава била: „Денес има толку многу насилство, што човек оди да краде, а се враќа дома посиромашен од претходно.“

10. Во 1981 година, Мајкл Андерсон Годвин бил осуден на смрт на електрична столица откако бил обвинет за убиство и сексуален напад. Меѓутоа, по второто судење бил ослободен од обвиненијата за сексуален напад, па бил осуден само на доживотен затвор. Осум години подоцна, додека се обидувал да ги поправи слушалките прикачени за ТВ сетот во неговата ќелија, гризнал една од жиците додека седел на метален тоалет. Умрел на лице место од фатален електричен шок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

  1. Карма&реинкарнација Reply

    За да се сфати логиката на кармата морани да се земе во предвид и постоењето на реинкарнација и тнр. период на милост (време на заштита). Кармата не мора секогаш да се истрада доколку правовремено се спознае коренот и со Божја помош се исчисти и повеќе не се прави.

Напиши одговор на Карма&реинкарнација Откажи одговор