10 фасцинантни алкохолни пијалaци од древните општества - Part 2

10 фасцинантни алкохолни пијалaци од древните општества

6. Египетско пиво

(6)10-fascinantni-alkoholni-pijaloci-od-drevnite-opshtestva-kafepauza.mk

Египќаните биле најдобри пивари. За нив пивото претставувало дел од секојдневната исхрана, обезбедувајќи ги потребните хранливи материи за луѓето кои не јаделе доволно овошје и зеленчук. Пиварите го ферментирале и печеле јачменот со квасец а потоа ја цеделе течноста создавајќи пиво кое наликувало на супа. Археолозите нашле записи за пиво што датираат околу 3.100 години пред нашата ера.

7. Фалеријанско вино

(7)10-fascinantni-alkoholni-pijaloci-od-drevnite-opshtestva-kafepauza.mk

Благодарение на нивните освојувања и нивната трговија, древните Римјани имале пристап до одлично вино. Фалеријанското вино, кое потекнувало од Кампанија, Италија, се сметало за едно од најдобрите. Најдобро било кога на 15-годишна возрст и имало висок процент на алкохол.

8. Пивото на Мида

(8)10-fascinantni-alkoholni-pijaloci-od-drevnite-opshtestva-kafepauza.mk

Гробницата на древниот крал Мида имала многу пиво внатре. Всушност, во оваа гробница имало вистинска погребна гозба со дрвени маси, 157 чаши па дури и древно пиво. Археолозите го анализирале и откриле дека било мешавина од вино, мед и многу малку пиво.

9. Кондитум (Conditum)

(9)10-fascinantni-alkoholni-pijaloci-od-drevnite-opshtestva-kafepauza.mk

Зачинетото вино на древните Римјани звучи навистина примамливо. Заблажено со мед и превриено, кондитумот бил популарен алкохолен пијалак од времето на Рим, па до византиската ера и подоцна. Еден древен рецепт „преживеал“ во книгата на некој готвач па ова вино им се препорачува на туристите.

10. Рецина (Retsina)

(10)10-fascinantni-alkoholni-pijaloci-od-drevnite-opshtestva-kafepauza.mk

Грчкото вино рецина е познато по својот необичен вкус кој доаѓа од боровата смола во алкохолот. Смолата била додаван како конзерванс. Археолозите пронашле докази дека ова вино постоело уште пред 3.000-4.000 години. Останало популарно дури и денес.

Прочитајте и каков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар