Тест: Изберете келтски симбол и откријте детали за вашата вистинска личност

Тест: Изберете келтски симбол и откријте детали за вашата вистинска личност

Келтските знаци и симболи имале големо значење низ историјата. За нив се верувало дека имаат заштитна моќ, а во себе кријат безброј легенди и преданија. Многу од нив потекнуваат од средновековниот период и можат да ни ги доловат верувањата и животот во тоа време. Доволно е да изберете еден од овие древни симболи и да откриете што има да ви каже.

Тест: Изберете келтски симбол и откријте детали за вашата вистинска личност

  • 1. Дрвото на животот

    Дрвото на животот бил еден од основните елементи на келтските духовни верувања. Се сметало дека тоа ги обезбедува сите основни потреби во животот, вклучувајќи храна, засолниште, гориво за готвење и затоплување. Доколку го избравте овој симбол значи дека вие сте пријателот кому другите му се обраќаат за помош во време на неволји. Вие сте силната личност во друштвото која е секогаш силна во време на искушение и сте потпора за другите. Слично како дрво, вие сте длабоко вкоренети и поврзани со природата од каде ја црпите вашата енергија.

  • 2. Внатрешен оган

    Овој специфичен симбол е еден вид на келтски јазол каде се претставени елементот на огнот и Феникс, светата птица на огнот и на новите почетоци. Вие сте страсна личност по природа, знаете што сакате во животот и не сте подготвени да отстапите во вашите напори да ги постигнете своите замисли. Ве карактеризира бескрајна енергија, постојано сте во движење, но не заборавајте дека понекогаш треба да направите пауза за одново да ги наполните батериите. Секогаш кога наидувате на проблеми, не паѓате во состојба на очај и самосожалување. Напротив, тие само ја зацврстуваат вашата волја да успеете во животот.

  • 3. Големиот змеј

    Во келтскиот фолклор, змејот е симбол на бесмртноста и мудроста. Вие сте незапирливи по природа: кога ќе наумите нешто да сторите, ништо не може да ви застане на патот. Честопати имате тенденција да се поврзувате со луѓе постари од вас. Тоа се должи на мудроста што ја поседувате. Кога на некој од вашите пријатели им треба некаков совет, вие настапувате на сцена, па макар и да сте најмладата личност во цело друштво. Имате силно чувство за интуиција.

  • 4. Пентаграм

    Ова е распространет симбол во келтските верувања, симболизира моќ и заштита. Вие не сте некој кој лесно стекнува пријатели, го одржувате вашиот „внатрешен круг“ релативно мал и тесно поврзан. Сепак, ако некој влезе во тој круг, ќе направите сè за таа личност да се чувствува добро. Ако некој им наштети на луѓето што ги сакате, вие сте тука да ги одбраните и заштитите. Ве привлекуваат каузи каде можете да застанете во одбрана на угнетените и да се борите против општеството. Идеал за кој сонувате е еднаквост за сите.

  • 5. Мачкин јазол

    Вие сте флексибилна личност, подготвена да продолжи со она што ви значи и покрај сите пречки на кои ќе наидете. Иако патот кон целта не секогаш е прав туку напати е полн со заобиколувања и промени во насоката, сепак знаете дека е потребно да имате јасна идеја за тоа кон што целите во животот. Го живеете животот брзо, без притоа да обратете внимание на убавината на моментот. Запомнете дека одвреме-навреме потребно е да се „исклучите“ од секојдневните обврски и само да „живеете“.

  • 6. Божествен сончоглед

    Слично како сончогледот, и вас ве привлекува светлината па така сте во потрага на сè што е позитивно и возбудливо во животот. Секое ново познанство го пречекувате со раширени раце и отворено срце. Вашата грижа и сочувство кон ближните се едноставно неспоредливи, а оваа особина е причината поради која многумина ви се восхитуваат. Сепак, добро е да бидете свесни дека ќе наидете на луѓе кои ќе сакаат да ве искористат. Важно е да знаете дека е во ред да преземете чекори за да се заштитите себеси.

Доколку се забавувавте со овој келтски тест на личноста, можеби сакате да направите и друг тест каде е довоолно да изберете врата и да откриете што е тоа што ве спречува да преземете акција во животот.

Извор: awarenessact.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар