Дали е безбедно да користите боракс за вашата кожа?

Дали е безбедно да користите боракс за вашата кожа?

Сите знаеме дека на нашата кожа ѝ е потребна соодветна нега и заштита за да остане здрава. Пред да нанесете нешто на кожата, треба да бидете свесни за потенцијалните ефекти што тоа би можело да ги има врз вашата кожа. Иако бораксот се користи во производи за нега на кожа, сепак важно е да знаете дали е безбеден за употреба.

Дали е безбедно да користите боракс за вашата кожа?

Што е боракс?

Боракс е сол на борна киселина, но неговиот хемиски состав е целосно различен од оној на киселината. Неговото научно име е натриум тетраборат и се ископува од длабочините на земјата, но може да се најде и во наслаги на езерските корита и планинските водотеци. Оваа состојка му е позната на човекот околу 4000 години, а за прв пат е откриена во Персија. По изглед наликува на бела креда и се состои од ситни, безбојни кристали.

Дали е безбедно да го користите како третман за вашата кожа?

Бораксот, во комбинација со восок, се користи во многу козметички производи како лосиони, креми и гелови. Неретко се појавува и како состојка во сапуните за раце. Неговата алкална природа го прави совршена состојка во средствата за чистење. Но, истото својство може да предизвика иритација и осип на кожата. Ексфолирачките сапуни од боракс ги уништуваат бактериите и ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и вишокот маснотии. Оваа супстанца е природен минерал и се користи и во многу домашни лекови за чистење на кожата.

Од друга страна, бораксот е исто така составен дел на многу детергенти, ѓубрива и други хемиски производи, па многумина се скептични кога се работи за неговата употреба како третман на кожата. Оние со чувствителна кожа би требало да го избегнуваат со цел да не дојде до инфекции на кожата. Доколку вашата кожа не е чувствителна, можете да користите боракс, но со голема претпазливост. По секоја употреба темелно исплакнете ја кожата. Неговите состојки не се впиваат длабоко во кожата и тоа го прави безбеден за употреба во ограничени количини.

Како да користите боракс?

Ако сакате да користите боракс, можете да пробате производи за нега на кожа во кои се содржи оваа состојка. Може да ви помогне да се ослободите и од акните. Доволно е да измешате ½ лажичка боракс во прав со 1 лажичка глицерин, 1 чаша дестилирана вода и ½ лажичка лосион со камфор па смесата нанесете ја на проблематичните места. Чекајте сè додека не се исуши, а потоа исплакнете го лицето првин со топла па со ладна вода и на крај избришете го со чиста крпа. Оваа маска го помага одржувањето на pH рамнотежата на кожата и го апсорбира вишокот маснотии.

Дали е токсичен или не?

Слично на есенцијалните масла, начинот на кој користите боракс и количината се важни при одредување на степенот на неговата токсичност. Ако изберете да го користите како третман на кожата, морате да бидете внимателни. Истражувањата покажале дека изложеноста на боракс (преку вдишување или голтање) може да доведе до рак на црниот дроб и лупење на кожата. Исто така, доколку се користи во поголеми дози, може да ја наруши рамнотежата на хормоните. Бремените жени мораат да го избегнуваат бидејќи изложеноста на боракс за време на бременоста може да доведе до абнормален развој на фетусот.

Откако дознавте дали е безбедно да користите боракс како третман за вашата кожа, ви препорачуваме да ги прочитате и нашите совети за нега на кожа со масло од шафраника.

Извор: stylecraze.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар