Совети за нега на кожа со масло од шафраника

Совети за нега на кожа со масло од шафраника

Шафраниката е растение за кое се верува дека било пронајдено во египетските гробници, а со векови се користело и во Кина. Денес, оваа билка првенствено се користи во вид на масло кое се цеди од нејзините семки, а кое благотворно делува врз кожата на лицето и го спречува стареењето.

Совети за нега на кожа со масло од шафраника

Како што ви е добро познато, за да ја одржувате кожата на лицето здрава, убава и еластична, неопходна е добра хидратација, а тоа ќе ви го овозможи маслото од шафраника.

Маслото делува како еден вид заштитна бариера на кожата што ја задржува водата во клетките. На тој начин, кожата е постојано хидратирана. Тоа е богато со линолеинска киселина, една од најважните масни киселини којашто благотворно делува врз изгледот на кожата и ги затегнува ќелиските мембрани.

Линолеинската киселина е важна бидејќи ги разнесува витамините А, Д, К, како и витаминот Е што е од големо значење кога станува збор за нега на кожата. Кога линолеинската киселина ќе дојде во контакт со себумот, масло кое природно се излачува од кожните жлезди, може да предизвика негово прекумерно лачење, а тоа пак доведува до затнување на порите. Затоа е важно да се знае дека маслото од шафраника делува превентивно врз појавата на акни и митесери.

Маслото од шафраника е одлично средство за хидратација на кожата кое ќе го врати здравиот сјај на вашето лице. Освен тоа, ја одржува еластичноста на кожата и ја спречува појавата на брчки.

Совети за нега на кожа со масло од шафраника

Доколку редовно го користите, смирувачките антиоксидантски дејства на маслото значително ќе го намалат воспалението и црвенилото на вашата кожа.

Мерки за претпазливост

Маслото од шафраника не треба да се зема како додаток за исхрана, но е сосема безбедно да се користи како состојка во козметички производи.

Откако прочитавте како да го користите маслото од шафраника, можеби сакате да прочитате и како да го користите маслото од јојоба за третман на акни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар