17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

Постојат толку многу чудни историски факти што понекогаш ни се чини дека реалноста е многу повозбудлива од научната фантастика. Таквите необични приказни го прават светот поинтересно место за живеење и затоа добро е да бидеме запознаеме со некои од нив. Прочитајте ги следниве необични факти што сигурно не сте ги научиле на училиште…

1. Алберт Ајнштајн за претседател

17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

На 17-ти ноември 1952 година, премиерот на Израел официјално му понудил на Ајнштајн да стане израелски претседател. Физичарот ја одбил понудата со објаснувањето дека не е способен да се справува со луѓе.

2. Родителите на кралот Тутанкамон биле брат и сестра

17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

Неодамнешните ДНК истражувања потврдиле дека кралот Тутанкамон страдал од сериозни здравствени проблеми како што се маларија и коскени заболувања како последица од инцесоидна врска: Неговите родители биле брат и сестра.

3. Луѓето носеле вреќи за брашно како облека

17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

Во 1930-тите, за време на големата депресија во САД, жените немале голем избор на облека. Тие морале да бидат креативни, па затоа почнале да ги користат памучните вреќи од брашно за да направат облека за нивните семејства. Кога произведувачите на вреќи за брашно дознале за овој тренд, почнале да изработуваат вреќи со различни шари на нив. Некои вреќи дури имале и упатство за правилно перење и правење фустан или кукла.

4. Најголемата птица на светот

17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

Argentavis magneficens е фосил од птица најден во Аргентина во 1979 година. Научниците велат дека птицата живеела на нашата планета пред 6 милиони години. Распонот на нејзините крилја изнесувал од 6 до 8 метри, а висината ѝ изнесувала 2 метри. Импресивно, се согласувате?

5. Најчудната порака за помош

17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

Во 1948 година неколку бродови кои поминувале во близина на Малезија добиле чудни пораки за помош. Два американски брода добиле сигнал од холандски брод и пораката гласела: „Сите офицери, вклучувајќи го и капетанот се мртви. Најверојатно целиот екипаж е мртов… Јас умирам.“ Кога отишле да ги спасат, виделе дека секој член на екипажот бил мртов, како да замрзнале, изразот на нивните лица бил исплашен и рацете испружени како да се бранеле од она што го виделе. Дури и кучето било најдено во истата положба. Најморничавата работа е тоа што немало никакви повреди на нивните тела.

Продолжете на следната страница за останатите необични историски факти…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар