Знаци што покажуваат дека можеби е време за промена во вашиот живот

Животот може да биде чудно комплициран – да мислите дека знаете точно што сакате и тогаш сè да ви тргне наопаку. Вашиот живот можеби не е лош, но вие сте го прифатиле она што го имате и вашата среќа повеќе не е во прв план. Без разлика дали се чувствувате вака неколку месеци или неколку години, никој не треба да го живее животот од ден за ден. Кога сте возрасни имате повеќе обврски и треба да донесувате важни одлуки. Но дали знаете дека имате повеќе сила и моќ отколку што мислите? Погледнете ги знаците кои ви кажуваат дека е време да направите голема промена во вашиот живот.

11-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-mozhebi-treba-da-napravite-promena-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mk

1. Немате енергија

Додека недостигот на енергија може да биде поради здравствени причини, може да биде и поради живеењето безначаен живот и поради тоа што повеќе не ви е грижа за ништо. Можеби сте се помириле со тоа каде сте и помислата за промена ви звучи премногу тешко. Вие сте престанале да се грижите за себе како што сте правеле порано. Започнете бавно: прошетајте, јадете барем еден здрав оброк дневно, заменете една нездрава ужина со здрава, пијте повеќе вода…

2. Се чувствувате вкочането

Ништо не ве возбудува и не можете да се сетите кога последен пат сте се насмеале од срце? Овие мали знаци ви покажуваат дека не ги вежбате вашите сетила за да имате возбудлив живот. Можеби се чувствувате вака бидејќи сте ја изгубиле вашата страст и мотивација. Обидете се почесто да правите работи кои ги сакате, бидејќи тоа е единствениот начин да го „оживете“ вашиот дух.

3. Повеќе не работите на себе

Вие сте најважното нешто во вашиот живот и клучно е да се грижите за себе бидејќи нема да имате исполнет живот доколку не сте среќни со себе. Одете во библиотека, истражувајте на Интернет… Сакајте го „времето за вас“ и проширете го вашиот свет преку некое хоби или активности со другите. Научете колку е огромен вашиот заробен потенцијал и ќе се изненадите од тоа што ќе го откриете.

4. Вашето опкружување е токсично

Ако сфатите дека се опкружувате со луѓе кои постојано ве критикуваат вас и вашата работа, вие се наоѓате во средина која е полна со негативност. Невозможно е да бидете позитивни кога вашето опкружување не ве прави среќни.

5. Не сте среќни во љубовната врска

Понекогаш е тешко да признаете дека вашиот партнер не е оној со кој треба да бидете. Без разлика дали ве прави несреќни или вашите патишта почнуваат да се разделуваат, можеби најдобро е да престанете да се спротивставувате на вашиот инстинкт и да ставите крај.

6. Само преживувате

Правењето исти, досадни работи може да ги убие вашата креативност и мотивација. Одењето на работа само за да ги платите сметките може да биде лошо за вашиот дух. Вашиот живот треба да биде исполнет со искуства и предизвици. Сонувањето за животот кој сакате да го имате нема да ве однесе далеку. Кога се чувствувате како да сте без мир, можеби е време за промена.

7. Сте стекнале компулсивно однесување

Не можете да престанете да јадете, да пушите или да пиете. Компулсивното однесување е знак дека се обидувате да воспоставите рамнотежа помеѓу вашиот разум и вашите желби. Зависноста ви станува пријател со кој прославувате и се сочувствувате. Решението е да најдете подобар пријател. Заменете ги слатките со масажа, а цигарите со прошетка или кратко џогирање. Ако не сте среќни со вашиот живот, не обидувајте се да го прекриете тоа со нешто друго. Откријте го коренот на вашиот проблем и почнете да го живеете животот за кој сте сонувале.

8. Постојано мечтаете за минатото

Минатото е минато со причина. Додека е убаво да се потсетувате на некои работи, не треба целото внимание да ви биде насочено кон минатото бидејќи веќе сте изморени од вашата сегашност. Кога се враќате на моменти кои поминале, знаете кој бил нивниот исход. Но, несигурноста може да биде стресна. Сегашноста многу често не е толку пријатна бидејќи сè уште не знаете каков резултат ќе донесе некоја ваша постапка.

9. Постојано си мислите „Сигурно има нешто повеќе од ова“

Можеби е време за промена кога чувствувате дека не ја живеете својата животна цел. Можеби ја барате или чекате некаков знак, но никогаш нема да го живеете животот како што сакате доколку чекате одговорите да дојдат кај вас. Некои луѓе чекаат дозвола за да го имаат животот од соништата, но таа дозвола можат да си ја дадат само тие самите.

10. Се чувствувате депримирано

Додека животот нема постојано да биде совршен, тој не би требало да ве прави депресивни. Депресијата е само еден начин на кој телото и мозокот ви кажуваат дека ви е потребна некаква промена. Тоа може да биде подобра грижа за себе, одбивање на работи и луѓе кои не се добри за вас, дозволување на другите да ви помогнат или што и да е што сметате дека треба да промените.

11. Постојано сте под стрес

Ако вашето физичко или ментално здравје страда, време е за голема промена во животот. Ако има едно нешто кое е сигурен знак дека е потребна промена, тоа е стресот. Ако постојано сте под стрес – на работа, дома, на социјални собирања – време е за промена. Променети ги вашите навики како спиење, исхрана и вежбање. Применувајте техники како релаксација и медитација. Лошото здравје е еден од најголемите индикатори дека е време за промена. Бидете свесни за знаците кои ви ги дава вашето тело.

Вие одредувате како ќе го живеете вашиот живот, никој друг. Наместо да се чувствувате беспомошно и поразено, откријте што навистина сакате и остварете го тоа. Не заборавајте да се сакате себеси и никогаш не се задоволувајте со помалку од она што заслужувате.

Прочитајте ги и овие знаци кои покажуваат дека е време за промена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар