5 нешта кои среќните луѓе ги прават секојдневно

5 нешта кои среќните луѓе секојдневно ги прават

Една неодамнешна студија ги покажала разликите помеѓу секојдневието на среќните и несреќните луѓе. Бидејќи биле истражувани само одредени карактеристики на среќните луѓе, вклучувајќи ги и врските помеѓу парите и среќата, студијата опфаќала индикатори на среќа од 30 различни истражувања. Овие истражувања ги мереле навиките за трошење, вредностите и личните карактеристики на луѓето.

5 нешта кои среќните луѓе ги прават секојдневно

Резултатите покажале дека среќните луѓе секојдневно ги прават следниве 5 мали одлуки кои ја подобруваат нивната добросостојба…

Среќните луѓе позитивно размислуваат за минатото

Една од најуникатните способности кои ги дели луѓето од животните е можноста да патуваат со мислите низ времето. Ние можеме повторно да ги преживееме минатите настани, но и да размислуваме за иднината. Резултатите од оваа студија покажале дека среќните луѓе се фокусираат на позитивните настани во минатото, игнорирајќи ги негативните.

Среќните луѓе ги доживуваат емоциите на другите

Оние кои се почувствителни имаат способност да ги доживеат и среќните (но, и тажни) емоции на другите. Резултатите од студијата покажале дека кога некој ќе им се насмевне на среќните луѓе, тие возвраќале на насмевката и со тоа се чувствувале топло внатре. Токму затоа, доколку обрнувате повеќе внимание на позитивните емоции кај луѓето околу вас, вие би требало да бидете многу посреќни.

Среќните луѓе живеат во поголема заедница

Една личност е среќна кога нејзините три базични психолошки потреби се задоволени: самостојност, способност и поврзаност. Илјадници истражувања го покажале позитивниот ефект на психолошкото задоволство врз среќата, а оваа студија покажала дека психолошките потреби можат да бидат задоволени во заедница. Среќните луѓе велат дека се чувствуваат дека припаѓаат онаму каде што живеат и кога патуваат, едвај чекаат да се вратат дома.

Среќните луѓе добро ги организираат своите пари

Индивидуите кои имаат добро испланирани цели за своите пари, како на пример, отплаќање на кредитна картичка, штедење за удобна пензија или отворање фонд за „црни денови“, многу подобро ги организираат своите трошоци. Но, и организираноста на парите помага за зголемување на среќата.

Среќните луѓе ги трошат своите пари на животни искуства наместо на материјални предмети

Скоро 10 години биле истражувани ефектите од инвестирањето на парите во животни искуства наспроти материјални нешта и резултатите покажале дека кога луѓето ги трошат своите пари на животни искуства тие се многу посреќни и поисполнети. До истиот заклучок било дојдено и со оваа студија, која покажала дека среќните луѓе попрво би одбрале да ги дадат своите пари на одредено животно искуство, како на пример, патување отколку на материјален предмет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар