11 вистински приказни што ќе ви докажат дека оценките немаат никакво значење во светот на возрасните

Колку пати сте чуле дека ако не учите доволно, ќе си го уништите животот? Родителите сигурно постојано ви велеле дека мора да имате одлични оценки за да успеете и да најдете добра работа. Иако училишниот успех навистина може да помогне за животниот напредок, сепак тој не е пресуден. Овие 11 приказни ќе ви докажат дека успехот во животот не зависи од оценките што ги добиваме на училиште…

11 приказни што ќе ви докажат дека оценките немаат никакво значење во светот на возрасните

1. „Никогаш не ми одеше добро на училиште, но сега работам со клучни клиенти од Гугл. Бев еден од тројцата најлоши ученици во класот и на крајот морав да го сменам училиштето. И на другите двајца им оди добро денес колку што знам. Тие се креативни и успешни момци. Најлошиот ученик од другите класови, со кого се дружевме поголемиот дел од времето во тоалетите (многу често нѐ бркаа од час и моравме да се криеме таму), денес е познат фудбалер.“

2. „Најлошиот ученик во моето одделение стана морнар. Минатата година тој беше два пати во Латинска Америка, има патувано речиси низ целиот свет, а неодамна го доби и првото дете. Не заборавајте: Оценките немаат никакво значење.“

3. „Јас бев дефинитивно најлошиот ученик во средно училиште. Заостанував по сите предмети освен по музичко и ликовно. Сега работам во голема компанија со седиште во Мадрид. Имам необична работа: Јас сум онлајн брокер. Тоа е многу ретка струка. Можеби нѐ има помалку од стотина во цела Европа. Предавам дигитален маркетинг во престижно средно училиште во Шпанија. Сега се сеќавам на мојата наставничка по литература која секогаш ми велеше дека ќе завршам со некоја глупава работа и се смеам!“

4. „Најлошиот ученик во класот работи како неврохирург. На училиште правеше многу лоши работи и добиваше слаби оценки. Слушаше хеви метал. Но, кога тргна во 9-то одделение, тој почна да ѝ помага на мајка му во нејзината работа како уредник на едно списание. Кога заврши училиште, се запиша на медицински факултет, работеше како медицинско лице во амбуланта и потоа отиде на медицинска академија. Дипломира и сега е многу познат доктор. Сѐ уште слуша хеви метал, дури и свири во бенд.“

5. „Јас сум основач и сопственик на мојата компанија. 7 пати сменив училишта и секогаш добивав тројки и двојки. Никогаш не сакав да им се посветам на предметите што ми беа здодевни, а тука спаѓаа природните науки. Во 10-то одделение едноставно престанав да одам на некои часови. Денес, сите мои тогашни соученици имаат обични работи: Менаџери, возачи, продавачи… Никој не се издвојува од останатите. Сите што добиваа само петки, сега ги прават едните исти работи.“

11 приказни што ќе ви докажат дека оценките немаат никакво значење во светот на возрасните

6. „Вујко ми беше ужасен ученик, особено кога стануваше збор за хемија. Неговата наставничка не можеше да го поднесе и му предвиде неуспешен живот во кој ќе чисти подови за да преживее. Години подоцна, вујко ми сфати дека хемијата е најинтересниот предмет и почна да чувствува дека тоа е неговиот животен повик. Па, така се запиша на факултет за хемија и успешно го одбрани дипломскиот труд. Неодамна беше поканет да одржи презентација на една конференција. Додека зборувал, вујко ми забележал дека има некаква галама во последните редови од аудиториумот. Набрзо сфатил дека тоа била неговата поранешна наставничка која речиси се онесвестила кога го препознала.“

7. „Секогаш имав најлоши оценки во класот. Не добивав двојки, ама имав многу тројки. Но, кога завршив со училиште, дипломирав на два факултета. Работев 2 и пол години во голема компанија и потоа 3 години водев сопствен бизнис. Сега сакам да го направам светот подобро место за живеење. Течно зборувам руски и јапонски, учам да свирам виолина, вежбам јога и постојано учам и работам на сопствениот личен развој. Сето ова ми покажа дека оценките немаат никакво значење.“

8. „Многу од моите колеги кои имаа лоши оценки на факултет сега возат сопствени автомобили и имаат изградено свои домови. Имаат деца, семејство. Јас завршив како најдобриот студент во генерација. Работам цело време, но имам доволно пари само за да платам кирија. Немам пари за забавни работи. Нешто не е како што треба тука. Нешто не е во ред.“

9. „Можам да забележам од 3 метри далечина и низ замрзнато стакло дека песочните часовници од мојата колекција не се наместени во совршен ред. Ја забележувам секоја промена во шминката, облеката и однесувањето на моите пријатели и познајници. Можам да ја одредам точната далечина на нештата со точност од 3 метри. Можам да ја одредам далечината на предмет во движење од 300 метри. Тоа е така благодарение на седумте години што ги поминав во обука за разузнавач. А завршив училиште со двојки.“

10. „Имаше тројца најлоши ученици во моето одделение. Едниот од нив основаше хуманитарна организација и сега им помага на стотици луѓе. Другиот работи како главен уредник на познат весник. Третиот сум јас, писател за познато списание и спортски колумнист.“

11. „Сѐ до 11-то одделение добивав само тројки, понекогаш и двојки и морав да преполагам многу испити. Поминаа 7 години. Вчера, вработив една жена која учеше во мојот клас. Таа секогаш добиваше петки и дипломира со сите почести.“

Доколку овие приказни не ви се доволен доказ, прочитајте кои карактерни особини предвидуваат успешна иднина за детето, а не оценките на училиште.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар