Овие карактеристни особини предвидуваат успешна иднина за детето, а не оценките на училиште

Овие карактеристни особини предвидуваат успешна иднина за детето, а не оценките на училиште

Многумина сметаат дека децата кои имаат добри оценки на училиште се предодредени да имаат блескава иднина и дека тоа што го совладале училишниот материјал е доволно за тие да бидат способни да се справат со сите предизвици кои понатаму ги носи животот. Кога тие деца ќе пораснат и ќе влезат во светот на возрасните каде што ќе го бараат својот успех и својата среќа, наидуваат на тешкотии какви што не очекувале кога им се предвидувало мед и млеко. Тие имаат знаење, но не знаат како да го искористат тоа знаење во животот. Во меѓувреме гледаат дека некој друг кој немал толку добри оценки постигнува поголем успех во животот и се прашуваат зошто е тоа така. Факт е дека доброто формално образование е од исклучителна важност, но според психологот Кетрин Браун Рамспергер овие шест карактерни особини кои носат успех повеќе од сите други и прават разлика помеѓу овие две категории деца.

Овие карактеристни особини предвидуваат успешна иднина за детето, а не оценките на училиште

Емоционална приспособливост

Децата кои имаат одлични оценки и постојано им се повторува дека се совршени ученици сметаат дека се должни засекогаш да останат совршени. Затоа се трудат да научат сè што може да се научи, дури и кога тоа не е соодветно на нивната возраст и развој. Но, кога ќе наидат на некоја препрека, се откажуваат. За разлика од нив, децата кои не се оптоварени со совршеност знаат дека ако научат уште малку повеќе тоа ќе ги доведе до нешто поголем успех и затоа сакаат да научат. Нив не ги води потребата за совршенство, која не носи среќа, туку желбата да научат и постигнат повеќе. Затоа, фокусирајте се на тоа повеќе да го фалите детето за обидите и за работата отколку за постигнатите резултати. Емоционално приспособливото дете се обидува повторно и повторно без да биде престрого кон себе за евентуалните неуспеси. Тоа ќе му биде многу потребно во понатамошниот живот.

Љубопитност

Алберт Ајнштајн за себе рекол дека не е попаметен од другите, туку е само пољубопитен. Љубопитните деца размислуваат надвор од рамките кои им се поставени и затоа имаат многу поголеми шанси за успех во животот. Таквите луѓе доаѓаат до идеи кои го унапредуваат светот. Секое дете е љубопитно пред моралот да се обиде да го стави под контрола. После тоа некои остануваат љубопитни, а други го учат само тоа што им е дадено да научат. За да ја задржите оваа прекрасна особина кај вашето дете направете да се чувствува удобно кога се интересира за работи кои не се бараат од него.

Овие карактеристни особини предвидуваат успешна иднина за детето, а не оценките на училиште

Отвореност на умот

Слепото слушање на наставниците или родителите и неизлегувањето од нивните рамки определува дека максимален успех за детето ќе бидат тие рамки и тоа никогаш нема да ги надмине своите претходници. Поттикнете го детето да има отворен ум, да биде отворено за нови сознанија и за нови аспекти од работите кои веќе ги знае. Направете го тоа така што ќе разговарате на многу теми без да осудувате. Искористете го тоа што живееме во мултикултурно општество и поттикнете го да ги види работите и од туѓа перспектива. Така тоа ќе сфати дека постојат и други реалности освен неговата и со тоа ќе расте и духовно и интелектуално.

Љубезност

Стимулирајте ја љубезноста кај вашите деца. Дајте им до знаење дека го цените тоа кај нив и тие ќе одговорат позитивно. Иако можеби не е лесно видливо, уште додека се мали на тој начин можат да креираат промени околу себе. Ако тие се љубезни кон своите другари и соседите, тоа ќе ги поттикне и нив на љубезност и така синџирот продолжува. Замислете до каде би можеле да стигнат кога ќе пораснат.

Овие карактеристни особини предвидуваат успешна иднина за детето, а не оценките на училиште

Дисциплина

Напорната работа и дисциплината носат поголем успех на училиште отколку коефициентот на интелигенција, и како што веќе знаете од своето искуство, така е во животот. Ако го научите вашето дете дисциплинирано да го следи патот кој го води до неговите цели, сте завршиле одлична работа како родител. Тоа можете да го постигнете преку соодветен систем на награди и казни и преку воведување на модели кои ја олеснуваат дисциплината. На пример, нека учат помали делови од материјалот меѓу кои ќе прават паузи. Или пронајдете некој начин на учење кој ќе им биде забавен. Сето тоа ќе им олесни во обидот да бидат дисциплинирани.

Самодоверба

Во животот е потребно да се работи и независно и како дел од тим, а за тоа не е доволно да имате широки и длабоки теоретски познавања. За тоа е потребна висока самодоверба, затоа што оние кои ја поседуваат оваа особина знаат како да учат и не се плашат да паднат и пак да станат. Поттикнете го детето да си ги искажува своите ставови кога зборува со наставниците и другите авторитети и тоа ќе сфати дека може и заслужува да биде почитувано. Тоа ќе го направи самоуверено, што е клучна карактерна особина за успех во животот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар