10 факти за Гинисовата книга на рекорди

10 факти за Гинисовата книга на рекорди

Некои од најважните откритија и значајни достигнувања се остваруваат благодарение на човечката потрага по моќ. Ова е книга, што се трансформира со текот на годините и ги споделува сите тие достигнувања низ своите страници.

Споделуваме 10 интересни факти за Гинисовата книга на рекорди.

10 факти за Гинисовата книга на рекорди

1. Каква книга е тоа?

Оваа книга е водич кој содржи колекција на меѓународно признати светски рекорди, вклучително и на човечки постигнувања и природни крајности. Самата книга има рекорд за најпродавани авторски дела.

2. Почетокот

На 4 мај 1951 година, Хју Бивер, управител на пиварницата Гинис, присуствувал на собир на риболовци на пристаниште во Вексфорд во Ирска. Риболовците спореле која птица е побрза – буната или приморската крајбрежна птица. Истата вечер во Каслбриџ, тој сфаќа дека можат да го најдат одговорот само со истражување на референтната литература. Бивер помислил дека многу вакви прашања се појавуваат секоја вечер во илјадници крчми во Велика Британија и Ирска, но не постои книга за одговор на истите. Му се чинело дека ако има таква книга што ја обезбедува оваа информација, тогаш книгата би можела да стане многу популарна.

3. Од идеја до акција

Кристофер Чатавеј кој бил вработен во пиварницата, му препорачал на Бивер да контактира негови блиски пријатели кои имале детективска агенција во Лондон. Бивер решил да ги ангажира и тие ја создале првата компилација, која подоцна се трансформирала во Гинисовата книга на рекорди.

4. Првите изданија

Првата верзија била отпечатена на 27 август 1954 година и содржела 198 страници. Имала 1.000 примероци и сите биле распродадени.

10 факти за Гинисовата книга на рекорди

5. Успехот

Книгата за прв пат била објавена во Лондон во 1955 година. Изданието од 1955 година го достигнало врвот на најпродаваните книги во Велика Британија пред Нова година.

6. Други земји

Првото странско издание се појавило во Њујорк во 1956 година, проследено со изданија на француски јазик (1962) и на германски јазик (1963). Во САД биле продадени 70.000 примероци.

7. Во денешно време

Вкупниот тираж во последните 55 години е 115 милиони примероци. По изненадувачки добра продажба, започнало да се печати по едно ново издание секоја година во октомври за да се совпадне со новогодишниот период кога се купуваат подароци. Секоја година се издава на 21 јазик и ги прикажува новите рекорди од изминатата година.

8. Виновникот за постоењето на книгата не е носител на рекорд

10 факти за Гинисовата книга на рекорди

Оваа книга се појавува благодарение на приморската крајбрежна птица, која дури не е ни спомната во книгата. Всушност, најбрзата птица е белоглавиот мршојадец кој живее во Азија и јастребот кој може да биде виден и во нашиот крај. Јастребот е во состојба да забрза со 320 км на час.

9. Вечно присуство

Ашрита Фурман е човекот кој честопати се спомнува на страниците во книгата. Тој е жител на Њујорк и направил повеќе од 600 гинисови рекорди. Меѓу многуте негови „достигнувања“ е фаќањето грозје со отворена уста и дувањето балони.

10. Светскиот ден

Светскиот ден на Гинисовaта книга на рекорди е 12 ноември. Празникот е основан во 2003 година, откако бројот на изданија надминал 100 милиони. Тогаш ја добила титулата на „најпродаваната книга во светот“ заштитена со авторски права.

Прочитајте кои се 10-те познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар