Нови 25 стипендии од Еуролинк осигурување за студентите и постдипломците на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Нови 25 стипендии од Еуролинк осигурување за студентите и постдипломците на Правниот факултет „Јустинијан Први“

На студентите на додипломски студии (прв циклус) и на студентите на постдипломски студии (втор циклус студии) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ компанијата Еуролинк осигурување им доделува 25 целосни стипендии со кои ќе можат да ги покријат трошоците за кофинансирање.

novi-25-stipendii-od-eurolink-osiguruvanje-za-studentite-i-postdiplomcite-na-pravniot-fakultet-justinijan-prvi-kafepauza.mk

Во рамките на својата долгорочна програма за корпоративна општествена одговорност Еуролинк осигурување и годинава ќе додели 25 стипендии за студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Стипендиската програма е наменета за 20 студенти на додипломски студии (прв циклус) и за 5 студенти на постдипломски студии (втор циклус) кои имаат просечен успех од положени испити најмалку  8.00.

„Еуролинк осигурување, со поддршка на 300.000 верни клиенти, распиша конкурс за стипендирање на 25 најперспективни студенти на Правниот факултет ‘Јустинијан Први’ – Скопје. Го исполнивме нашето ветување од минатата година и ја продолжуваме оваа убава традиција на доделување ‘Еуролинк стипендија’. Овој пат одлучивме да ја прошириме нашата програма за стипендирање, така што покрај на 20 студенти на додипломски студии ќе им дадеме можност и на 5 постдипломци да ja добијат стипендијата. Иницијативата е израз на посветеноста на Еуролинк осигурување на  поддршката  на развојот на образованието и науката во Република Македонија, како и поттик за творечкиот потенцијал на студентите како активни чинители во општеството“ – истакна Олга Костовска, претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување.

Процесот на аплицирање за „Еуролинк стипендија“ почнува денеска (21 мај) и ќе трае до 15 септември 2015 година. Сите заинтересирани треба да достават уверение за положени испити и кратка биографија со фотографија.

Потребните документи за аплицирање кандидатите треба да ги достават во печатена форма до проф. д-р Гоце Наумовски од Одборот за доделување „Еуролинк стипендија” во Архивата на  Правен факултет „Јустинијан Први” или во електронска форма на е-адресата: eurolinkstipendija@eurolink.com.mk.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар