Хејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?

Хејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?

Социјалните мрежи се редовно преполни со компетентни критичари и искусни експерти од сите области. Сите луѓе имаат свое мислење за политичката ситуација во државата и светот, за загадувањето на околината, за заштитата на животните, за туѓата сексуална определеност, за туѓите животни избори, успеси, падови… И тоа од една страна е добро! Тоа значи дека луѓето размислуваат за работите што се случуваат околу нив. Па, зар не е тоа целта на модерното општество? Зар не треба секој да има свое право на мислење и изразување? Тоа денес е овозможено благодарение на многубројните социјални мрежи како што се Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Но, каде се наоѓа границата? Кога личното мислење преминува во хејтеризам и дали е тоа добро и продуктивно?

Хејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?

За да можеме да го препознаеме хејтеризмот, најпрво треба да го дефинираме. Хејтеризмот (кованица од англискиот збор „hate“ што значи омраза) може да се објасни како негативна појава на модерното време чија цел е да омаловажи и исмее нечиј труд, успех или неуспех и се користи како алатка од страна на лица со недостаток на самодоверба и вишок слободно време.

Сигурни сме дека и самите сте биле сведоци на голем број вакви примери. Колку статуси сте прочитале досега што исмеваат нечиј избор на облека? Колку твитови сте виделе чија цел е да омаловажат нечие мислење? Што е со статусите кои содржат говор на омраза кон сите оние со поинаква политичка определба или начин на живот? Како сте се чувствувале вие кога сте ги прочитале? Сигурно добро, доколку вашето лично мислење се совпаѓало со нив, па дури и сте „стегнале“ лајк. Но, што е со оние кои не се одраз на вашиот личен став, туку го отсликуваат токму спротивното на најнегативен можен начин? Најверојатно ви разбудиле негативни емоции и мисли, па дури и самите сте се почувствувале навредени, особено ако сте се пронашле во нечиј статус или твит и сте го доживеале лично.

Хејтеризмот не треба да се меша со конструктивната критика. Едно е кога не се согласувате со нечие мислење, па образложувате преку аргументи и докази зошто според вас тоа е погрешно и како би можело да се поправи, а сосема друго е кога исмевате. Конструктивните критики се добри и корисни, бидејќи ни помагаат да станеме подобри и да постигнеме поголем личен напредок. Дури и да не се согласувате со нив, добро е да ги има за да го погледнете она што го правите од сосема поинаков аспект. Тие можат да ви ги отворат очите и да ви укажат на некои ситници кои воопшто не сте ги забележале. Луѓето кои критикуваат на конструктивен начин знаат како да се изразат, употребуваат неутрални зборови, го засноваат нивното мислење на добро издржани аргументи и нудат алтернативно решение. Конструктивните критичари немаат никаква врска со хејтерите.

Хејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?

Хејтерите најчесто си го кријат вистинското лице зад екраните и се претставуваат лажно, веројатно поради недостаток на самодоверба. Нивниот начин на изразување е полн со иронија и сарказам, укажуваат на проблемот преку исмевање и омаловажување, упатуваат директни навреди, нивното мислење не е поддржано со аргументи и не нудат конкретно решение. Нивната единствена цел е да укажат на нечија грешка и да го навредат сторителот за тие самите да се чувствуваат подобро. Вистинската причина за ваквото однесување произлегува од нивното незадоволство од сопствениот неисполнет и површен живот. Празнината што ја чувствуваат длабоко во себе се обидуваат да ја исполнат преку секојдневните статуси и твитови полни со омраза. Своето вистинско лице го кријат зад маската на самоуверени, интелигентни и нарцисоидни личности кои со гордост го носат епитетот „хејтери“.

Денес стана модерно да се биде хејтер. Сите хејтаат. Сите си земаат за право да ги коментираат и осудуваат туѓите животи и ставови под оправдувањето дека „секој има право на лично мислење“. Тоа е неоспорно и неизбежно е дека еден ден и вие ќе станете мета на тие луѓе без разлика колку (не) се експонирате во јавност. Порано или подоцна некој ќе се обиде да ја излечи сопствената фрустрација преку вашиот успех или неуспех и тоа не може да се спречи. Тоа може да влијае на вашата самодоверба, можеби ќе се чувствувате повредени и ќе почнете да се сомневате во сопствените одлуки. Но, добрите вести се дека постои решение за овој проблем и дефинитивно можете да ја свртите целата ситуација во ваша корист!

Па, како да ги победите хејтерите сезнајковци?

Хејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?

1. Никако не се обидувајте да почнете расправија со нив! Нема да успеете ниту да ги разубедите ниту да им докажете нешто. Ако почнете да се карате, само ќе паднете на нивно ниво и ќе се изнервирате.

2. Игнорирајте ги. Хејтерите одвај чекаат да реагирате, затоа што така ќе си го исполнат времето со оглед на тоа што и онака немаат попаметна работа. Едноставно не им обрнувајте внимание и продолжете понатаму со животот. Ова е полесно да се каже отколку да се направи, но со текот на времето ќе станете имуни на хејтеризмот.

3. Искористете го нивниот хејт во ваша полза. Да, ова е сосема возможно. Не заборавајте дека никој не ги спомнува луѓето кои не се вредни за спомнување. Според ова, ако сте постојана мета на хејтери, тоа е знак дека нешто правите како што треба. Слободно сфатете го хејтот како комплимент.

Нормално е дека не можете да добиете одобрување за она што го правите од сите луѓе на светот, но не дозволувајте нечиј ограничен ум да ви го попречи патот кон остварувањето на вашите соништа. Никогаш не се менувајте себеси за да им се допаднете на другите. Останете доследни на себе и секогаш бидете свои. Не заборавајте дека што и да направите: Haters gonna hate (Potatoes gonna potate).

Хејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Перо Reply

    Фин текст и фина дефиниција за т.н. „хејтери“. Арно ама, денес, од страна на нарцисоидни недораснати поединци кои не можат да се носат со критика, се злоупотребува концептот за „хејтер“. За нив секој што изразил критика е „хејтер“ и треба да се блокира, омаловажи и игнорира.

    Од друга страна образложувањето на критиката редовно води кон „ај не философирај“, веројатно поради сооченост со сопствената интелектуална маленкост која не може да одговори на предизвикот на критиката.

    Хејтерите патат од нарцисизам и мала самодоверба, но и оние за кои сѐ е „хејтеризам“ исто така.

    Светот е суров и треба да се здебели кожата. Да не се однесуваме како мали деца.

    • Марија Лукаревска Reply

      Здраво Перо,

      Ти благодарам за коментарот и морам да кажам дека комплетно се согласувам со тоа дека и двете страни (оние кои критикуваат и оние кои бидуваат критикувани)мора да поработат на начинот на изразување, особено ако се занимаваат со јавна професија.

      Критичарите треба да научат да даваат критика, но и другите треба да знаат како да прифатат и да реагираат на критиките, па дури и ако се „зачинети“ со малку хејт. Тоа е и поентата на текстот: Да се подигне свеста за начинот на комуницирање на социјалните мрежи пред се’, кое на прв поглед делува наивно и безначајно но сепак говори многу за нечие воспитување и култура.

      Поздрав и секое добро,
      Лукаревска

Напиши одговор на Марија Лукаревска Откажи одговор