Женско соло патување: 5 книги што ќе ви ја разгорат страста за патување

Женско соло патување: 5 книги што ќе ви ја разгорат страста за патување

Женското соло патување е една од клучните работи што морате да ги направите доколку сакате да се спознаете себеси. Секако, секогаш постојат ризици, но тоа е сосема различно од што било друго. Прочитајте ги приказните на овие 5 жени кои одлучиле самите да се впуштат во авантура, било поради откривање на нови земји и култури, саморефлексија, или пак за да добијат инспирација конечно да напишат роман. Нивните романи се неверојатни, понекогаш смешни, а понекогаш трогателни, но веруваме дека во секој случај ќе ви ја разгорат страста за патување.

Женско соло патување: 5 книги што ќе ви ја разгорат страста за патување

Прочитајте во продолжение за кои книги станува збор.

1. „Што правев додека се размножувавте“ од Кристин Њуман

Ова е еден од најдобрите туристички водичи за девојки кои патуваат сами. Со оглед на тоа дека потрошила многу време од своите 20-ти и 30-ти години присуствувајќи на крштевки и свадби, сепак Кристин Њуман не е подготвена да формира свое семејство. Наместо тоа, таа одлучува да патува, заљубувајќи се притоа во светот околу неа, како и во еден или двајца локални жители. Њуман е позната по тоа што пишува комедии, па така често ќе се смеете додека ја читате оваа приказна за соло патување.

Женско соло патување: 5 книги што ќе ви ја разгорат страста за патување

2. „Страст за патување: Љубовна афера со 5 континенти“ од Елизабет Ивс

Мемоарите на Ивс не се типични мемоари за патување бидејќи таа има тенденција да се фокусира повеќе на луѓето што ги среќава и нејзината поврзаност со нив, а не на самите авантури. Но, среде романтичнитe врски, таа споделува и импресии од патувањата, од Папуа Нова Гвинеја па сè до Каиро. Таа секогаш копнее да види нешто ново, а нејзините авантури ќе ве остават без здив сè до последната страница.

Женско соло патување: 5 книги што ќе ви ја разгорат страста за патување

3. „Јади, моли се, уживај“ од Елизабет Гилберт

Во својот култен мемоар, романсиерката и новинарката го прикажува нејзиното патување низ Италија, Индија и Индонезија по нејзиниот развод. Иако понекогаш знае да биде мрзелива додека патува, сепак ја има таа особина да се дружи речиси со секого, што е една од нејзините главни карактеристики кои ѝ го олеснуваат патувањето. Нејзините патувања се проткаени со некаков вид магија, речиси сè што ќе посака ќе ѝ се оствари. Се работи за роман што дефинитивно нема да ве остави рамнодушни.

Женско соло патување: 5 книги што ќе ви ја разгорат страста за патување

4. „Долина на атентаторите“ од Фреја Старк

Фреја Старк е синоним за соло патување и постои добра причина зошто е тоа така. Во 30-тите години на минатиот век, таа истражувала места каде што малку жени би се осмелиле да патуваат сами: Сирија, Иран, Ирак, Кувајт и Јемен. Нејзините патописи се карактеризираат со живописен стил што се должи благодарение на тоа дека таа била обучен географ и картограф. Романот „Долина на атентаторите“ е напишан во 1934 година и сè уште ги мами читателите. Тука се прикажани патувањата на Старк во планинскиот терен помеѓу Ирак и Иран, па романот е еден вид документација за локалното население.

Женско соло патување: 5 книги што ќе ви ја разгорат страста за патување

5. „Како да не се патува низ светот: Авантурите на една бекпекерка склона кон неволји“ од Лорен Џулиф

Можеби се чини погрешен избор за срамежливата и која не сака да излезе од својата удобна зона Лорен, да го напушти својот дом во Велика Британија и да почне сама да патува низ светот. Сите се сигурни дека ќе наиде на неволји, но таа истрајува без разлика на пречката, па така вие ќе ја бодрите на секој чекор по патот. Ако сметате дека не сте доволно храбри да патувате сами, тогаш овој роман е задолжителното четиво за вас.

Женско соло патување: 5 книги што ќе ви ја разгорат страста за патување

Откако прочитавте кои се нашите предлози за авторки кога станува збор за женското соло патување, можеби ќе сакате да прочитате и на кои 4 видови патувања секоја жена треба да отиде сама.

Извор: greatist.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар