Неверојатни книги за љубовта која го менува светот

Луѓето прават многу работи во име на љубовта. Понекогаш, таа може да го сврти светот наопаку и да го промени нашиот поглед на работите. Во Авганистан и во сончевата Италија, во Германија и во Аргентина – обични луѓе од целиот свет одеднаш сфаќаат дека не можат да си го замислат животот без одредена личност и се подготвени да направат сѐ за таа љубов. Сигурни сме дека љубовта е најголемата движечка сила, а овие книги го докажуваат тоа.

1. „Љубов во време на колера“ (Love in the Time of Cholera) – Габриел Гарсија Маркес

Дали е можно некој да се заљуби додека е млад и да ја носи таа љубов со себе засекогаш? Да, можно е. Како што минуваат годините, работите се менуваат, но вие сѐ уште ја сакате истата личноста. Нема ништо потешко, а истовремено и полесно од љубовта.

Неверојатни книги за љубовта која го менува светот

2. „Илјада чудесни сонца“ (A Thousand Splendid Suns) – Калед Хусеини

Љубовта е прекрасно чувство. Скриено во вашата душа, забрането и тајно, кое чека да се изрази. Оваа книга зборува за љубовта и војната, за самопожртвуваноста, посветеноста и за моќта на жената.

Неверојатни книги за љубовта која го менува светот

3. „Делириум“ (Delirium) – Лорен Оливер

Оваа книга зборува за свет во кој љубовта е забранета. Таа е болест, најопасен делириум и секој кој ќе го прекрши правилото ќе биде казнет. Секој граѓанин на возраст од 18 години треба да помине низ постапка за ослободување од сеќавањата од минатото кои го носат тој вирус наречен љубов. Лена има само неколку месеци пред постапката и живее како и сите други сѐ додека не запознава една специјална личност.

Неверојатни книги за љубовта која го менува светот

4. „Осаменоста на простите броеви“ (The Solitude of Prime Numbers) – Паоло Џордано

Многу одамна имало едно срамежливо момче и една осамена девојка која страдала од анорексија. Тие си ги живееле своите животи, а потоа се запознале. Веднаш сфатиле дека меѓу нив постои една невидлива сила што ги поврзува. Момчето велело дека тие двајцата се како простите броеви – осамени и изгубени. Стојат еден до друг, но не можат да се допрат.

Неверојатни книги за љубовта која го менува светот

5. „Црниот Обеликс“ (The Black Obelisk) – Ерих Марија Ремарк

Во тешките години по Втората светска војна, главниот лик продава надгробни плочи во еден провинциски германски град. Поради инфлацијата во државата му фалат пари, па затоа почнува да свири на оргули во капелата на една болница. Во психијатрискиот оддел на болницата, тој ја запознава љубовта на својот живот.

Неверојатни книги за љубовта која го менува светот

6. „Последниот ангел“ (The Gargoyle) – Ендру Дејвидсон

Во оваа новела ќе сретнете многу светови и животни приказни за љубовта која е посилна и од болест.

Неверојатни книги за љубовта која го менува светот

7. „Земјата под нејзините нозе“ (The Ground Beneath Her Feet) – Салман Ружди

Станува збор за едно момче и девојка кои се запознаваат како деца и веднаш се вљубуваат. Тие безброј пати биле разделени, но сега шетаат низ светот презентирајќи ја својата музика.

Неверојатни книги за љубовта која го менува светот

8. „Англискиот пациент“ (The English Patient) – Мајкл Ондачи

Книгата раскажува за жена и дете кои живеат во полусрушена вила. По некое време жената ќе се труди да излечи еден изгорен Англичанец, а за возврат тој ќе ѝ ја раскаже својата животна приказна за една љубов која му го спасила животот.

Неверојатни книги за љубовта која го менува светот

9. „Гадлф“ (The Gadfly) – Етел Лилијан Војнич

Оваа книга не е само за љубовта, туку и за пријателството, разбирањето и сопствените избори. Полна е со светлина, но и со горчлива тага од нереализираните соништа. Има толку препознатливи емоции кои се кријат меѓу нејзините страници.

Неверојатни книги за љубовта која го менува светот

10. „Ова личи на крај“ (The Sense of an Ending) – Џулијан Барнс

Задоволство е да се сеќаваме на старите денови, па така и главниот лик во оваа книга ужива во тишината и се потсетува на моменти од минатото. Потоа, добива писмо кое ја убива неговата тишина и смиреност.

Неверојатни книги за љубовта која го менува светот

Можеби ќе сакате да прочитате и некои од овие книги за осаменоста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар