3 книги за осаменоста што ќе ви помогнат ако сте во самоизолација

3 книги за осаменоста што ќе ви помогнат ако сте во самоизолација

Деновиве сите сме присилени да поминуваме повеќе време дома, а совршен начин за времето да помине побрзо е да читате книги, особено оние што може да ви помогнат да гледате на осаменоста на малку попозитивен начин. Благодарение на дигиталниот свет, сега ви се достапни многубројни изданија на наслови што се совршени за моменталната состојба, а овие три книги ќе ви помогнат ако сте во самоизолација.

1. „Мали огнови насекаде“ (Little Fires Everywhere) – Селест Инг

3 книги за осаменоста што ќе ви помогнат ако сте во самоизолација

Книгата според која е снимена серијата со Рис Витерспун и Кери Вашингтон е уште едно достигнување на Селести Инг која си поигрува со нашите предрасуди за осаменоста. Интригантната приказна за Миа Ворен, која се преселила со својата ќерка во совршено уреден американски град, доведува до растечка тензија и недоверба од страна на нејзиниот сосед. Миа, која живее во самонаметната изолација со нејзината ќерка Перл, е олицетворение на жена која ја користи својата осаменост како одбранбен механизам.

2. „Лутање – Историја на одењето“ (Wanderlust – History of walking) – Ребека Солнит

3 книги за осаменоста што ќе ви помогнат ако сте во самоизолација

Преку истражување на историјата на одењето како навика, терапија и протест, авторот одредува што е важно за нашата психа и што е неопходно за благосостојбата на општеството во 21-иот век. Размислувајќи за чинот на одење во различни периоди на човечкото постоење, Солнит ја гради тезата дека одењето е креативна активност со цел да се чувствувате слободни.

3. „Самотија: Во потрага по единствен живот во пренатрупаниот свет“ (Solitude: In Pursuit of a Singular Life in a Crowded World) – Мајкл Харис

3 книги за осаменоста што ќе ви помогнат ако сте во самоизолација

Верувале или не, Мајкл Харис ќе ви докаже дека можете да преживеете без Интернет. Преку збирката есеи која е спој на анегдоти и на истражувачки трудови, авторот постепено го запознава читателот со парадоксот на нашето време – сите сме поврзани, а чувството на отуѓеност никогаш не било поголемо.

Од приказната за појавата на Интернетот и технолошките достигнувања што допрва треба да дојдат, до самонаметнатата изолација за време на која авторот навистина се соочува со тоа што значи да се биде сам, оваа книга сериозно ќе ве заинтригира.

Прочитајте некоја од 12-те најдобри книги на сите времиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар