Зошто италијанскиот е официјалниот јазик на кафето?

Ако не можете да го започнете денот без шолја кафе, не сте единствените. Според Интернационалната организација за кафе, глобалниот извоз на кафе се зголемува за 4,2% секоја година.

Зошто италијанскиот е официјалниот јазик на кафето?

Очигледно кафето станало важен ритуал за многу луѓе, па веројатно се имате прашано зошто речиси сите имиња на видовите кафе се на италијански јазик. Од лате до макијато, сите користиме италијански термини кога порачуваме кафе. Па како дошло до ова? Сепак, кафето не ни потекнува од Италија.

Според легендата, кафето потекнува од Етиопија и било откриено од козарот Калди. Кафето се проширило низ Арабискиот Полуостров, пред Европејците да дознаат за него во 17-тиот век. Холанѓаните се најзаслужни за глобалното прошарување на кафето, но повеќето пијалаци кои ни се познати денес навистина потекнуваат од Италија, а сè е поврзано со изумот на еспресо машината.

Еспресо основа

Еспресото не е посебен вид кафе, туку начин на подготовка и прв пат бил развиен во Италија во 19-тиот век. Бидејќи за да се подготви кафето потребни се околу 5 минути, љубителите побарале начин да го скратат тој период. Првите еспресо машини биле големи и тешки, но до крајот на 20-тиот век, Луис Безера од Милано направил машина која правела шолја кафе за неколку секунди. Било потребно некое време за машините да станат полесни за употреба .

Еспресо машината навистина го револуционизираше кафето. Со оваа машина кафето се правело за неколку секунди и можело да се пие веднаш по служењето, најчесто стоејќи во бар.

Италијанската култура за кафе почнала да расте и еспресото какво што ни е познато денес станало популарно во Италија и Франција во 1930-тите. Според авторот Марк Пендерграст, во 1950-тите започнало „лудилото за еспресо“ и во САД.

„На почетокот на движењето на кафето, автентичноста значела италијанско. Во 1880-тите многу, ако не и сите кафетерии, имаа италијански имиња и ставаа што е можно повеќе италијански во нивните кафиња и менија“, изјавил Мајк Фергусон.

Пијалаците од кафе што се служеле биле направени со еспресо. Имињата ги добивале според она што му се додава на еспресото. На пример, зборот макијато значи валкано, па името потекнува од дамките млеко кои го „валкаат“ еспресото.

Еспресото е директно поврзано со Италија како пијалак и на некој начин е дел од нивната култура. Денес се транспортира ширум целиот свет и се прават многу разни верзии.

Сè е во името

Пијалаците со италијански имиња имаат основа од еспресо и обично се додава некој вид млеко. На пример, латето е направено од еспресо, млеко и пена.

Разликата помеѓу еспресото и вареното кафе е важна. На пример, кафето американо е крстено по Американците во Италија кои барале пијалак сличен на вареното или филтрирано кафе што го пиеле дома. Бидејќи и ова кафе се прави со додавање вода на еспресо, си го задржало италијанското име.

Доколку сте биле во Старбакс, можеби сте забележале дека големините на порциите се исто со италијански зборови, како на пример гранде или венти. Големините кратко, долго и гранде прв пат биле претставени во 1986-та година, a зборот венти се појавил во 1990-тите. Il Giornale било името на кафетеријата што ги прославила овие зборови и била отворена од страна на претседателот на Старбакс, Емериутс Хауард Шулц.

Шулц бил восхитен од италијанските кафетерии и сакал оваа традиција да ја однесе во Америка, па ја купил Старбакс во 1987-ма година. Користењето на „италијански“ имиња продолжило и кога компанијата го создала пијалакот фрапучино. Интересно е што ова име е заштитено и всушност не е италијански збор.

Прочитајте ги и овие факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар