Креативна преработка: Артистка користи кафе за да ги наслика познатите уметнички портрети

Артистката Карен Еланд дава сосема ново значење на терминот „уметност со кафе“. Таа во нејзините илустрации ги прославува сите кофеински пијалаци истовремено и како медиум и како порака: Карен ги преработува класичните уметнички портрети од познатите светски уметници користејќи само мешавина од кафе и вода.

Мона Лате

Мона Лате

Комбинираната страст за кафето и креативноста ја прават Карен еден неверојатен артист. На 14-годишна возраст, таа одела на часови за сликање портрети кои ја инспирирале да започне професионално да се занимава со уметноста како професија. Таа постепено започнала да ја внесува љубовта за кафето во нејзините дела и официјално почнала да го користи како материјал за цртање и сликање на нејзините портрети во 1998-та. Таа денес црта и со пиво и други пијалаци со слична густина, но нејзиниот прв избор е секогаш кафето. Во продолжение погледнете дел од нејзините кофеински креации.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар