Вкусно освежително смуди од банани и кафе

Завршете ја работната недела со ова вкусно и здраво смуди

Вкусно освежително смуди од банани и кафе

Потребни состојки:
  • 250 милилитри сварено и изладено инстант кафе
  • 1,5 банана исечена на парчиња
  • 250 милилитри безмасен грчки јогурт
  • 1 кафена лажичка мелено ленено семе
  • 2 кафени лажички цимет
  • 1/4 лажичка рендано мускатно оревче
  • 6 коцки мраз
Начин на подготовка:

Сите состојки помешајте ги во блендер кој може да мели и мраз и уживајте во заодливиот вкус. Доколку немате појак блендер, состојките можете да ги помешате и во обичен и да го додадете мразот откако ќе го сервирате смудито.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар