Кафе, корнет и чоколадо: Вкусна и неодолива комбинација
Дали некогаш сте посакувале да пиете кафе од корнет? Најверојатно одговоривте потврдно бидејќи кој не би сакал да ги комбинира трите најдобри работи: Кафе, корнет и чоколадо? Потекнувајќи од The Grind Coffee Company во Јоханесбург, Јужна Африка, кафето во корнет е најновиот тренд кој го обожаваат оние кои постојано се во движење.
„Го користевме корнетот како продукт наменет за Инстаграм. Кога луѓето доаѓаа, се сликаа и веднаш ја објавуваа фотографијата на оваа социјална мрежа со хаштагот #coffeinacone“, вели Дејн Левинрад.
И нивниот план успеал, затоа што сега кафето во корнет е светски позната идеја. Во продолжение погледнете како изгледа оваа слатка и неодолива комбинација…
Овој рецепт е направен со еспресо и топло млеко, што се служи во корнет чијашто внатрешност е обложена со чоколадо

Постојат четири различни видови чоколадо во внатрешноста на корнетот, вклучувајќи и бело чоколадо

Треба да го испиете за 10 минути, за да не се стопи






























