4 здрави одлуки што треба да ги направите: Мали тајни за среќна и исполнета душа

4 здрави одлуки што треба да ги направите: Мали тајни за среќна и исполнета душа

Наместо да бидете лошо расположени во овој период на социјална изолација решете да преземете нешто и на корисен начин да го исполните вашето време. Ние имаме неколку предлози за вас.

4 здрави одлуки што треба да ги направите: мали тајни за среќна и исполнета душа

1. Готвење со душа

Храната отсекогаш била составен дел од духовниот живот и е поврзана со различни церемонии. Направете од вашата кујна зона која ќе биде пријатна и инспиративна средина за подготовка на храна. Користете природни материјали – садови направени од дрво, глина, стакло, бамбус, итн. Личната енергија се пренесува врз храната за време на готвењето и во неа се отсликува состојбата на вашиот дух. Затоа, пред да започнете со подготовка на храна, смирете го вашиот ум преку медитација, длабоко дишење, слушање релаксирачка музика или мантрање.

2. Богатството на внатрешниот живот

Ако забележите дека постојано купувате, како и дека сакате скапи и луксузни нешта кои стануваат задолжителни во вашиот секојдневен живот, застанете за момент. Потребата од мегаломанија и честите набавки се всушност знак дека барате нешто ново, сакате промена поради чувството на достоинство или среќа, па затоа се обидувате него да го замените со купување за да пополните дел од празнините во вашиот живот. Не е потребно многу за да се стане материјалист, но живеењето со помалку нешта ви дава можност да цените сè што имате и да се фокусирате на личните односи, новите искуства и природата што ве опкружува. Минимализмот дава можност да станете креативни и да сфатите дека среќата всушност доаѓа однатре.

3. Дел од сложувалката

Грижата за вашата ментална состојба е исто толку важна колку и физичката нега на телото. Еден од начините да ја зајакнете вашата ментална состојба е да развиете чувство на припадност. Небитно е дали станува збор за занимавање со спорт, пишување поезија или нешто друго, како членство во добротворна организација, или едноставно дружење со драгите луѓе за време на викенд, чувството дека припаѓате на некоја заедница и дека имате цел ќе ви помогне во зајакнувањето на вашите доблести и прифаќањето на вашите ограничувања. Одвојте доволно време за активности од ваков вид, секојдневно.

4. Капењето како лек

Ако сте во можност да се капете на море ова лето, обидете се да не ја отстранувате целосно солта од вашето тело. Имено, иако можеби звучи противречно, но морската вода всушност има исклучително корисни ефекти врз сувата кожа, па добро избалансираните третмани на телото со морска сол можат да ви помогнат во хидратацијата на кожата. Исто така, морската сол има подмладувачки ефект врз кожата на целото телото. Треба да се запомни дека капењето во море, исто така, ги ублажува проблемите со псоријаза, егзема, акни и многу други проблеми. Затоа, уживајте во придобивките од летото и морето.

Можеби сакате да ги прочитате и 7-те совети како да не се здебелите додека сте во карантин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар