Во едно далечно време (Once Upon a Time)
ТВ серија за проклетствата од минатото и за оние на кои им е пишано да ја променат иднината
Главни улоги: Џинифер Гудвин, Џенифер Морисон, Лана Парија, Џош Далас, Роберт Карлајл
Жанр: драма, авантура, фантазија
Премиера: 23 октомври 2011
Јазик: англиски
Времетраење: 45 минути
Број на сезони: 1
Наша оценка: 8
Ваша оценка:
———————————————————————————————————————————————————————-
Замислете си живот во кој сте заглавени во времето и просторот… Навидум сè е нормално и во ред, а всушност не сте свесни за она што ви недостасува. Тоа е проклетство. За него често е раскажувано во бајките, но овојпат тоа е дел од сегашноста. Само една личност може да го скрши и да ги ослободи сите од таа непозната стега, од таа мрачна покривка префрлена врз целиот град, која ги прави луѓето несреќни и мизерни. За среќа, стрелките на часовникот се помрднуваат. Сегашноста почнува да тече. А иако минатото е раскажано во приказните, иднината ни е сосема непозната. Вистинска мистерија…
———————————————————————————————————————————————————————-
Таа презема одговорност да го врати назад, но кога стигнува таму, ја запознава неговата злобна мајка и поради тоа одлучува да остане. Нејзиното останување значи дека работите ќе почнат да се менуваат и дека постои надеж народот да биде спасен од проклетството.
Ова е сегашноста, во која 10-годишниот Хенри е убеден дека ситуацијата во која се наоѓа Сторибрук е масло на неговата мајка, која во минатото била злобната вештерка од приказната за Снежана. Нормално, во ова никој не верува, но случка по случка, полека почнуваат да се отклучуваат затворените врати зад кои длабоко се закопани тајните на Сторибрук, па фантазијата сè повеќе станува реална.




———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


(94 гласа, просек: 9,19 од 10)




























Ај ако сака некој торент нека остави..за серијава ^^
Voopsto ne mi se bendisuva sedrijata,.
Seriava e mnogu interesna no ovde ima ostaveno mnogu pogresni podatoci deteto se vika Henri ne Mejt i Ema ne e 28 tuku 27 godini i prikaznite nimalku ne se slicni na onie koi nam ni se poznati.
http://www.movie2k.to/tvshows-1210022-Once-Upon-a-Time.html ovde moze da ja gledate seriiata
http://www.filmovin.com/publ/serije_uzivo/once_upon_a_time/64-4-2
Ovde može da ja gledate serijata, prevod na srpski 🙂
серијата има и втора сезона,a се спрема и третата сезона.
Ја имам изгледано, интересна е за тинејџери.