ТВ серија: Појава (Emergence)

ТВ серија: Појава (Emergence)

Полициски началник истражува случај со мало девојче кое ќе биде пронајдено во мистериозна несреќа

Главни улоги: Алисон Толман, Алекса Свинтон, Роберт Бејли Џуниор

Жанр: драма, мистерија, трилер

Креатор: Тара Батерс, Мишел Фазекас

Премиера: 24 септември 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 40 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 7,67 од 10)
Loading...

 

Ако сте расположени за добар мистериозен трилер, тогаш се наоѓате на вистинското место. Оваа ТВ серија ќе ве држи на работ од столчето до самиот крај, не откривајќи ви ништо сè додека не дојде вистинскиот момент. И сите теории што ќе ги создадете во меѓувреме, најверојатно нема да бидат вистинити, бидејќи развивањето на приказната е толку добро и детално направено, што едноставно нема да можете ништо да предвидите.

Приказната започнува со мистериозно урнување на авион, каде што началникот на полицијата на мало, заспано гратче, Џоу Еванс (Алисон Толман) ќе пронајде мало девојче без ниту една гребнатинка на неа. Таа уште веднаш ќе се посомнева дека нешто не е во ред. Токму затоа и ќе ја однесе во својот дом. Но, нештата нема да се смират тука. Одеднаш цела група негативци ќе почнат да ја ловат малата Пајпер (Алекса Свинтон), а меѓу неа и нив ќе стои само храбрата Џоу!

Досега има излезено само 3 епизоди од оваа ТВ серија која покажува голем потенцијал, па не знаеме многу за приказната. Тоа што може да се забележи од нив е дека најверојатно оваа драма ќе има и натприродни елементи, бидејќи Пајпер изгледа дека поседува некаков вид телекинетски моќи. Ве заинтересиравме? Без разлика дали ќе решите да почнете да ја гледате веднаш или ќе почекате прво да излезат сите епизоди, ви гарантираме дека во никој случај нема да бидете разочарани!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар