Филм: Џокер (The Joker)

Трансформацијата на Артур Флек во Џокер

Режија: Тод Филипс

Улоги: Хоакин Феникс, Роберт Дениро, Зази Битс

Времетраење: 121 минут1

Премиера: 4 октомври 2019

Јазик: англиски

Жанр: криминал, драма, трилер

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (6 гласа, просек: 9.67 од 10)
Loading...

 

Џокер е едно од најголемите разочарувања на филмското платно што досега сме имале можност да гo доживееме. Дали нашите очекувања беа премногу големи или филмот навистина не успеа да го пренесе тоа што беше најавено? Најверојатно е второто. Иако почетокот на приказната ќе успее да ви го задржи вниманието, а можеби дури и ќе ве забавува, кога дејството ќе стигне до ужасната одмазда на Џокер, претворајќи го во криминалец и сериски убиец што се бори против капиталистите и богатите со група протестанти облечени како кловнови, вие едноставно ќе се изгубите. И најверојатно ќе се прашувате што се случува.

Во оваа верзија од Џокер, Хоакин Феникс е Артур Флек кој живее во 1980-тите години. Тој бил поранешен пациент во психијатриска болница поради неговата необична невролошка состојба што го тера гласно да се смее во најнесоодветните моменти. Тој живее со мајка му и има желба да стане познат комичар. Тој исто така е и заљубен во една од неговите сосетки, која е самохрана мајка со мало детенце. Иако тој би дал сè за да биде комичар, сепак единствената работа што успева да ја најде е како кловн, каде што е напаѓан и тепан од криминалци без никаква причина.

Еден ден, откако неговиот очај ќе стане преголем за да може да продолжи да го потиснува, Артур ќе земе пиштол во своите раце и ќе сфати дека неговиот талент не е за комедија, туку за насилство. Тоа е начинот на кој тој ќе се прероди во Џокерот. Тоа исто така е и моментот кога нештата тргнуваат наопаку за овој филм. Иако Хоакин Феникс е неверојатен актер и ја одигрува улогата со исклучителен (и морничав) талент, сепак тоа не е доволно за да го турне филмот кон успех. Но, можеби ќе биде доволно за да издржите до крај на приказната.

Моја препорака е само да ги намалите очекувањата пред да влезете во кино салата, и постојат големи шанси да се забавувате малку повеќе од мене.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. TheSteph Reply

    Bash naprotiv, filmot sigurno dobiva oskar. Se e tolku dobro skockano, samo shto ocigledno ne sekoj ja sfakja porakata na filmot. 😉

  2. Игор Reply

    Не ми се верува дека авторот, инаку „обожавател на пишувањето“, со толку едноставни зборови, успеа толку многу да открие за своето непознавање на филмот како уметност. Не, ние нема да се изгубиме, туку вие сте се изгубиле поради вашето непознавање филмот.

    За да пишувате критики, треба пред се да имате некое искуство од киноматографијата или на било каков начин, подолг период да сте вклучени во филмот. Од “рецензијава” која за жал добила медиумски простор ме јаде туѓ срам.

    За филмот, накратко ќе кажам, 10 од 10. Глумата е нешто уникатно и невидено во последните 10-тина години, секоја сцена е внимателно направена, од миксот на топли и ладни бои, па се до музиката која ти прави chills, баш каква и што е замислата на филмот. Џокерот е антагонист, филмот зборува за анархија. Ако сте очекувале нешто друго, освен 120 минутна психоза, тогаш треба да се вратите на поедноставните работи како што се American Pie и слично, затоа што за повеќе и не сте.

Остави коментар