Рачно изработени дрвени даски за сервирање од епоксидна смола – одлично се вклопуваат во сечиј дом

Рачно изработени дрвени даски за сервирање од епоксидна смола – одлично се вклопуваат во сечиј дом (+ ПОДАРОК)

Македонскиот бренд ShOObo Store се занимава со рачна изработка на дрвени даски за сервирање, послужување и приготвување на храна. Интересно е тоа што начинот на изработка е доста необичен – тие користат епоксидна смола која се премачкува на дрво. Инспирирани од природата, секој уникатен дизајн ја доловува убавината на природните пејзажи. Од бојата на морските бранови, до различните шаренила на Земјата, тие користат нијанси што на убав начин се спојуваат заедно за да создадат живописни, мали уметнички дела. Крајниот резултат не само што е пријатен за гледање со очи, туку може и одлично да се вклопи во вашата кујна, трпезарија…

Повеќе за начинот на изработка и материјалите кои што се користат, прочитајте од интервјуто во продолжение.

МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!

View this post on Instagram

🌊 <— GIVEAWAY TIME —> 🌊⁠ ⁠ Во соработка со @shoobostore подаруваме 2 рачно изработени даски за сервирање од епоксидна смола.⁠ ⁠ Правила за учество:⁠ ⁠ 1. Следете ги двата профили: @kafepauza и @shoobostore ⁠ 2. Тагнете двајца пријатели во коментар⁠ 3. Можете да тагнувате повеќе пати (различни профили)⁠ ⁠ Добитниците ќе ги избереме во петок (11.10.2019). Со среќа! 🍀⁠ ⁠ #кафепауза #shoobostore #giveawaymacedonia #giveawaysmacedonia #фотонаденот #фотонанеделата #даски #дрвенидаски #рачнаизработка #подарок #епоксиднасмола #инстаграмџии #инстаграмџики #инстаграмџииmacedonia

A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

1. Како дојдовте до идејата да почнете да изработувате даски за сервирање на храна? Кој стои зад овој концепт и колку време се занимавате со ова?

Пред некој ден прославивме 1 година од нашето постоење, а идејата ни беше да направиме нешто поразлично и уникатно од другите, нешто што нема да изгледа едноставно на трпезата туку шарено, како што и ни гласи нашето мото „Не биди едноставен, биди шарен“. 🙂

2. Од каде црпите инспирација за изгледот на една даска – од боите за дизајнот до формата?

На почеток навистина ни беше тешко да смислиме дизајни и бои, но со текот на самата работа сѐ повеќе добивавме инспирација и нови идеи. Сега навистина ги обожаваме оние кои ни нарачуваат нешто ново, нешто што досега не сме го направиле од аспект на дизајн и бои.

3. Kако изгледа процесот на создавање, од замислата, до потрагата по материјали и самата изработка на даските? Кои материјали најчесто ги користите?

Дрвата ги набавуваме во различни димензии, кои подоцна во зависност од нарачката која ја имаме, рачно ги обликуваме и стружиме, па потоа ги спремаме за боење, односно за премачкување со епоксидна смола која е безбедна подлога за храна и многу тешко достапна кај нас. Користиме 3 видови дрва – бука, цреша и орев.

4. Рачната изработка понекогаш знае да потрае подолго. Колку време е потребно да се изработи една даска?

Обликувањето на дрвото и стружењето на една даска трае 2-3 часа. Сушењето на смолата е процес кој бара 3 дена, а на крај заштитното масло со восок, треба да се суши 1 ден. И потоа доаѓа пакувањето. ☺ За да се изработи една даска ни се потребни од 4 до 5 дена.

5. Покрај даските, изработувате и подлоги за чаши. Дали имате идеја за некој друг производ со што би го прошириле вашиот асортиман?

Имаме идеја за нешто ново, но сега нема да го откриеме. ☺

6. Оваа недела славите една година од постоењето на ShOObo Store. Колку е важно користењето на социјалните мрежи за креативни бизниси во Македонија? Што се стремите да постигнете и каков е вашиот план за иднината?

За рачни и креативни работи, навистина се многу важни социјалните мрежи. Моментално работиме на нови производи кои исто така ќе бидат практични за во кујна и шарени. ☺

7. Дали може да издвоите една даска со чиј краен резултат сте најгорди? Каде можат да се најдат овие дрвени уметнички дела и кој е процесот за нарачка?

Да бидеме искрени, на секоја изработена даска сме горди, бидејќи го даваме максималното од нас за да изгледа убаво на трпеза. Едноставно, има посебна енергија при изработка на секоја даска.

Немаме продавница со изложени даски, работиме само по нарачка. Нашите производи можат да се видат и нарачаат на нашите Инстаграм и Фејсбук профили.

Интервју: Христијан Киров


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар