ТВ серија: Изменет јаглерод (Altered Carbon)

ТВ серија за далечната иднина на човештвото каде што свесноста е дигитализирана и може да биде пренесена од едно тело во друго

(1) tv-serija-izmenet-jaglerod-altered-carbon-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Џоел Кинаман, Џејмс Пјурфој, Марта Игареда

Жанр: драма, научна фантастика, трилер

Креатори: Лита Калогридис

Премиера: 2 февруари 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (9 гласа, просек: 9.11 од 10)

Loading...

 

Ако сте љубители на ТВ сериите Пространство (The Expanse) и Западен свет (Westworld), тогаш со сигурност ќе ви се допадне и Изменет јаглерод (Altered Carbon). Дејството е сместено во далечна иднина, каде што луѓето пронашле начин да ја дигитализираат свесноста, а со тоа и да си овозможат вечен живот, бидејќи сè додека има човечки тела, природни или клонови, вие никогаш не би можеле вистински да умрете. Физичката смрт е надмината, оставајќи можност за создавање сосема нов вид човештво…

(3) tv-serija-izmenet-jaglerod-altered-carbon-www.kafepauza.mk

Иако звучи како совршенство, сепак вечниот живот е привилегија што можат да си ја дозволат само најбогатите. Исто така долгото живеење и губењето на стравот од смртта води кон создавање чудовишта кои веруваат дека се богови. Веќе можете да замислите како тие се однесуваат… Од друга страна пак, постојат и многумина што веруваат дека ако се вратат во друго тело, ќе ја изгубат душата и нема да бидат примени во рајот, па постојано протестираат и наоѓаат начини да се борат за своето право да останат мртви.

(5) tv-serija-izmenet-jaglerod-altered-carbon-www.kafepauza.mk

Главниот лик, Такеши Ковач (Џоел Кинаман/Вил Јун Ли), е вратен во живот по 250 години во ново тело. Светот за него е скоро непрепознатлив, иако луѓето се горе-долу исти. Поради своите криминални дела, тој бил осуден на „лед“ без можност за враќање во нов „ракав“ (така тие ги нарекуваат своите органски тела), но по убиството на многу богат и влијателен човек, Лоренс Банкрофт (Џејмс Пјурфој), тој добива нова шанса. Сè што треба Ковач да направи за да ја заработи својата слобода е да го реши убиството на Банкрофт, кој бил убиен неколку минути пред неговиот автоматски бекап во системот, па не се сеќава на својот убиец.

(4) tv-serija-izmenet-jaglerod-altered-carbon-www.kafepauza.mk

Ковач, меѓу другото, е и последниот Енвој, специјално трениран непобедлив војник што може да биде скоро инстантно подготвен за борба при промена на „ракавот“. На сите останати им требаат барем неколку часа, ако не и цел ден за да се навикнат на новата кожа. Исто така, Енвоите имаат и други неверојатни способности, како беспрекорна интуиција. Сите овие карактеристики го прават еден од најдобрите детективи во тоа време, совршениот кандидат за решавање убиство што никој друг не може да го реши.

(2) tv-serija-izmenet-jaglerod-altered-carbon-www.kafepauza.mk

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар