ТВ серија: Импулс (Impulse)

ТВ серија: Импулс (Impulse)

Девојка открива дека поседува моќ за телепортација

Главни улоги: Меди Хејсон, Сара Десџардинс, Енука Окума

Жанр: научна фантастика, драма

Креатор: Џефри Либер

Премиера: 6 јуни 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

 

Се сеќавате на филмот Скокач (Jumper) од 2008 година? Оваа ТВ серија е еден вид продолжување на приказната, но без никакво поврзување со настаните од самиот филм. Всушност, единственото нешто што е заедничко за двете е способноста за телепортација на главните ликови, која исто така е променета во начинот на кој се манифестира. Со други зборови, создадена е сосема нова приказна за стара, но одлична идеја.

Дејството се врти околу Хенриета Колс (Меди Хејсон), попозната како Хенри, која има мистериозна медицинска состојба што ѝ предизвикува напади. Иако на прв поглед тие делуваат сосема обично, сепак еден од новите соученици на Хенри ќе забележи нешто многу чудно додека таа е без свест – сите предмети во училницата ќе почнат суптилно да се поместуваат. Брзо потоа, Хенри ќе ја открие својата способност за телепортација на начин што ќе остави друг соученик во кома.

Имајќи го сè ова на ум, не очекувајте серија што е преполна со акција. Исто така, иако жанрот на приказната е научна фантастика за млади возрасни, сепак драмата е онаа што преовладува со епизодите кои следуваат. Преку битките на главниот лик, Хенри, ние ќе се соочиме со многу тешки теми, како онаа за сексуалниот напад, кои се тешки за гледање. Всушност, оваа ТВ серија многу повеќе наликува на 13 причини зошто (13 Reasons Why), отколку на некоја научна фантастика или фантазија.

Најдоброто нешто кај оваа ТВ серија? Таа е првата комбинација од Јутјуб и Холивуд, па затоа и можете сите епизоди да ги најдете на нејзиниот официјален Јутјуб канал. Првите три епизоди се бесплатни за сите, но за останатите ќе ви биде потребен премиум акаунт. Уживајте!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    не се сите епизоди бесплатни. само првите три.

    • Моника Трајковска Јакимовска Reply

      Фала за коментарот, ја поправивме грешката.

Напиши одговор на Анонимен Откажи одговор