ТВ серија: Циганка (Gypsy)

Психотерапевтот Џин Халовеј дозволува да биде вовлечена во животот на нејзините пациенти

(1) tv-serija-ciganka-gypsy-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Најоми Ватс, Били Крудуп, Софи Куксон

Жанр: драма, трилер

Креатор: Лиса Рубин

Премиера: 30 јуни 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 55 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 6.33 од 10)
Loading...

 

Станува збор за интензивен психосексуален трилер што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Како што ќе минуваат епизодите, така ќе ви се формираат сè повеќе прашања, бидејќи следува нова мистерија со секоја нова сцена. Да, ова е една од оние приказни што едноставно нема да можете во целост да ги следите бидејќи е толку комплицирана, што некои делови треба да ги гледате барем по два пати за да не пропуштите нешто важно, поради кое подоцна развивањето на настаните ќе ви изгледа нелогично. Па ако не сте спремни целосно да се посветите и да внимавате дури и на најмалите и суптилни детали, тогаш воопшто не ни почнувајте со гледање бидејќи со сигурност нема ништо да разберете и ќе се досадувате.

(2) tv-serija-ciganka-gypsy-www.kafepauza.mk

Приказната се врти околу Џин Халовеј (Најоми Ватс), психотерапевт со необични методи на работа. Кога таа сака подобро да разбере одредена ситуација на своите пациенти, или пак, едноставно да манипулира со нив за да ги изведе на правилниот пат (според неа), таа го менува својот идентитет, односно станува Даен Харт, новинарка. На пример, ако ќерката на некоја жена не сака да разговара со неа, таа ја пронаоѓа во реалниот живот и сакајќи да помогне, ги влошува работите уште повеќе! Да не збориме и за фактот што емоционално се поврзува, а со тоа влијае на начини на кои не може воопшто ни да ги замисли. И тоа се случува со животот на сите пациенти што таа ги смета за некаков предизвик.

(4) tv-serija-ciganka-gypsy-www.kafepauza.mk

Иако Џин, односно Даен, спаѓа под дефинициите на „луд психолог“, тоа што е навистина интересно во оваа приказна е фактот што има сосема нормален живот (надвор од работата). Таа е во брак со Мајкл Халовеј (Били Крудуп), со кого имаат мала 9-годишна ќерка, која пак само што почнала да го истражува својот полов идентитет. Иако тие се обидуваат да ја поддржуваат во своето истражување, како што секој добар родител би направил, сепак се забележува дека не се снаоѓаат најдобро што можат. И секако, работниот стил на Џин ќе почне да влијае на нејзиниот приватен живот, па и покрај тоа што таа е свесна дека може многу работи да расипе, вклучувајќи го и својот брак, како и односот со ќерката, таа едноставно не може да се сопре…

(3) tv-serija-ciganka-gypsy-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар