Господин Никој (Mr. Nobody)

Господин Никој (Mr. Nobody)

Филм за животните одлуки, за последиците, за љубовта и страста

Господин Никој (Mr. Nobody)Главни ликови: Џеред Лето, Даен Кругер, Сара Поли

Режисер: Жако Ван Дормел

Жанр: драма, фантазија, романса, научна фантастика

Времетраење: 138 мин.

Премиера: 6 ноември 2009

Дејство: различни времиња во 20от и 21от век

Јазик: англиски

Музика: Пијер Ван Дормел

Наша оценка: 8/10

___________________________________________________________________________________________
Што би направиле кога би можеле да го вратите времето назад до оној момент кога знаете дека сте направиле голема грешка? Би живееле ли поинаку? Каква би била вашата судбина тогаш? Би сакале ли да се сеќавате на сите враќања назад до моментите на донесување погрешна одлука или губење на вашиот живот како резултат на таква?
___________________________________________________________________________________________

Господин Никој е филм за реалните ситуации во животот на секој човек, но умешно испреплетени со фантастичното, така за да во ниту еден момент не заборавиме дека во нашите животи сепак, не можеме да живееме различни сценарија. Ова е еден од оние филмови кои ќе ве натера да се запрашате: Имав ли избор да живеам поинаку? Зависно од вашите одговори, можеби ќе успеете да дојдете до вистината.Господин Никој (Mr. Nobody)Приказна: Немо Ноубади е 9-годишно момче кое се соочува со најтешката одлука – избор на еден од двајцата родители со кој ќе го продолжи својот живот. Но донесувањето одлуки е тешко, па тој ги испробува двете сценарија. Патем, станува возрасен човек кој среќава и се заљубува во различна девојка со која има едни или други деца. На своите 118 години пак, тој е последниот смртник кој се обидува да се сети на вистинската приказна за својот живот.Господин Никој (Mr. Nobody)

„Велат ако дишеш пополека, времето поминува побавно.“

„Секој пат е правиот пат. Се би можело да биде нешто друго и би имало подеднакво значење.“

„Во шахот тоа се нарекува цуцгванг – кога единствениот вистински потег е да не направиш потег воопшто.“

Господин Никој (Mr. Nobody)Кинематографија: Уживање е зборот кој најреално ќе го опише чувството додека тонете во техничката реализација на филмот. Крупни кадри, понекогаш прикажувајќи човечки елементи од кои ќе се згрозите, а на моменти такви од кои ќе ви се наежи кожата и стопи срцето… Забавени снимки кои изненадено преминуваат во реално временски дејства и забрзани движења кои асоцираат на споредноста на луѓето и ситуациите во животот…Господин Никој (Mr. Nobody)Господин Никој (Mr. Nobody)Кога и како да го гледате? Господин Ноубади е филм кој апсолутно го препорачуваме за гледање, но никако во друштво со повеќе луѓе кои се склони да коментираат. Не го гледајте ако сакате да се релаксирате со добра драма која има јасно развиено дејство во петок после работа. Дајте си време и внимателно изберете ја атмосферата и друштвото.Господин Никој (Mr. Nobody)Господин Никој (Mr. Nobody)Господин Никој (Mr. Nobody)Слични филмови: „Бескрајна светлина на еден беспрекорен ум“, „Човекот Да“, „Необичниот случај на Бенџамин Батн“, „Небо од ванила“Господин Никој (Mr. Nobody)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Сашко Потер Reply

    Прекрасен филм. Навистина воодушевувачки! Ја имав можноста да го гледам на Манаки во Битола, на филм, на платно, како што доликува. 2та часа и 35 минути ми беа неверојатни. Воодушевен сум од филмот, од неговата теорија на егзистенцијализам. Технички е доведен до совршенство, секој премин од кадар во кадар, од сцена во сцена е генијално осмислен. И изборот на глумци ми остави голем впечаток. Изборот на архивска музика исто така. Секој искрен љубител на филмот ќе посака да му се заблагодари на режисерот за вакво ремек дело.

  2. Ana Reply

    Voodusevuvacki film! Mnogu emocii,dlaboka sustina,misterija,predobri kadri,fotografija…Sekoja cest za glumata na Jared Leto,sovrseno!

Напиши одговор на Ana Откажи одговор