Писател од сенка (The Ghost Writer)

Писател од сенка (The Ghost Writer)

Политички трилер за луѓето зад луѓето. За оние личности кои можеби не се во кадарот, но чии активности се чувствуваат…

Pisatel od senka (The Ghost Writer)Режија: Роман Полански

Сценарио: Роберт Харис, Роман Полански

Улоги: Јуан Мекрегор, Пирс Броснан, Ким Катрал, Оливија Вилијамс

Времетраење: 128 минути

Јазик: англиски

Премиера: 19 март 2010

Жанр: драма, трилер

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 6/10

____________________________________________________________________________________________
Колку е само лесно да влезеш во замка и да го пуштиш овој филм. На хартија изгледа феноменално – режиран е од Роман Полански кој ги има потпишано „Пијанист” и „Розмариното бебе”, а „Писател од сенка” буквално триумфира и на Европските филмски награди. Но, зад целата таа помпа стои филм кој најблаго кажано е само коректен. Нешто што тргнало со идејата за брз политички трилер, завршило како „мрзлива” приказна на која секој следен чекор може буквално да се намириса. Но и режијата, и глумата, и… се толку во средина што како да се направени без многу труд, без многу мерак, туку колку, ете, за да помине редот. Писател од сенка е како најпросечното дете во класот, доволно добро за да не го фати радарот и да ја помине годината, но не толку и за да биде запаметено.
____________________________________________________________________________________________

Приказна: Писателот (Јуан Мегрегор) е ангажиран да интервенира во веќе започнатите мемоари на поранешниот британски премиер Адам Ланг (Пирс Броснан). Неговиот претходник починал на мистериозен начин, а само што почнува со работа, и Ланг се соочува со сериозни политички обвинувања. Приказните за моќниците, за задкулисните игри, за тоа кој ги влече конците секогаш се интересни за гледачите. Едноставна човечка психологија – сакаме да знаеме кој е и каков е тој што одлучува за нас. Писател од сенка (The Ghost Writer)Базата е поставена, но градењето на целото дејство е невешто, филмско „дежа ву”. Решенијата од типот дека главниот лик нема да има име во смисла дека е „дух”, сенка на човекот на кого му ги пишува мемоарите, изгледа просто. Финишот пак на филмот, сцената која треба да нè стресе од корен и да ни расветли сè, повеќе или помалку се насетува уште од многу порано. Нема ништо лошо во тоа да направиш филм кој нема цел да ги преоптоварува гледачите, но не и кога нудиш разврски кои ни ја „навредуваат” интелигенцијата. Писател од сенка (The Ghost Writer)Но, во името на јин и јанг-филозофијата – во морето од црно мора да има по една точка бело, би кажала дека изведбата на најмалку познатата актерка во екипата, Оливија Вилијамс („Шесто сетило”), е вистинско освежување. Таа ја игра жената на поранешниот премиер и, искрено, убедливо портретира лик кој не е само жена зад успешен маж, туку многу многу повеќе од тоа.Писател од сенка (The Ghost Writer)Кинематографија: Го кажав еднаш и еве го пак – и во овој аспект Писател од сенка е коректен. Дејството се одвива на остров во Америка, претпоставувам во есенски, т.е. зимски денови, па и атмосферата е темна. Солидно е одработено, но таа тежина можела да се искористи во насока на надополнување на драматичноста, што во овој случај не се прави во потполност. Сепак, како најинтересна би можела да се посочи последната сцена каде што се покажува сè, а не се гледа ништо. Ни се сервира онолку колку што треба да видиме за да ни стане јасно, а немаме пред очи некоја трагична, потресна сцена…, дури сè изгледа и помалку поетично.Писател од сенка (The Ghost Writer)Кога и како да го гледате? Пожелно е само да не сте уморни затоа што постои опасност за многу кратко време да заспиете и толку од „даунлодираниот” филм, од купената карта… Мислам дека постои еден профил на филмови кои по извесен период се откупуваат од македонските телевизии и стануваат еден од најискористените пополнувачи на дупки во програмата. Е, токму таков е и Писател од сенка – може да ви го пополни времето, но не е нешто по кое треба да трагате и да вложувате екстра-труд за да го гледате.Писател од сенка (The Ghost Writer)Писател од сенка (The Ghost Writer)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар