Елитни убијци (Killer Elite)

Елитни убијци (Killer Elite)

Лесно е да извршиш убиство, тешко е потоа да живееш со него…

Елитни убијци (Killer Elite)Режија: Гери Меккендри

Улоги: Џејсон Стејтам, Роберт де Ниро, Клајв Овен

Времетраење: 116 минути

Јазик: англиски

Премиера: 23 септември 2011 година

Жанр: акција, трилер

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (34 гласа, просек: 8,74 од 10)
Loading...

————————————————————————————————————————————————- Овој акционен трилер ќе ве однесе на една двочасовна авантура, која ќе треба да ја следите со внимание. Станува збор за приказна базирана на вистински случувања, опишани во новелата од 1991 година „The Feather Men“ од Сер Ранулф Финес. Имено, она што нè привлече да го гледаме е тимот составен од извонредни глумци, па иако ова е деби на големото платно за режисерот Гери Меккендри, сепак решивме да му дадеме шанса. Извртена приказна во која на моменти негативците стануваат жртви. Одлично адреналинско полнење за овој викенд...
————————————————————————————————————————————————

Кратка содржина: Дени (Џејсон Стејтам) е професионален и доста квалификуван убиец, кој решава да стави крај на неговата кариера и да замине во пензија по една мисија во Мексико, каде што убива човек пред очите на неговото синче. Заминува во далечната Австралија и започнува ново поглавје од неговиот живот. Една година подоцна, тој е приморан да се врати на своето минато.Елитни убијци (Killer Elite)Елитни убијци (Killer Elite) Еден шеик од Оман го киднапира неговиот ментор Хантер (Роберт де Ниро), знаејќи дека тоа е единствениот начин да го привлече неговото внимание. Станува збор за мисија вредна 6 милиони долари и ослободување на Хантер, во која Дени мора да го одмазди шеикот за убиствата на неговите три синови. Најтешкиот услов што мора да го исполни е убијците да го признаат делото на камера, а потоа да бидат убиени на начин кој ќе изгледа како несреќа за никој да не се посомнева.Елитни убијци (Killer Elite)Елитни убијци (Killer Elite)Елитни убијци (Killer Elite) Приказната станува комплицирана, бидејќи синовите на шеикот се убиени од страна на британска тајна служба. Од другата страна, Спајк (Клајв Овен) е водач на здружение чија мисија е да ги заштити агентите кои ги имаат извршено тие убиства. Два спротивставени тимови со различна мисија за исти луѓе…Елитни убијци (Killer Elite)Кога и како да го гледате: Станува збор за помашки филм, но тоа не значи дека не треба да го гледаат и девојките. Одлично филмче за гледање со друштво, па доколку не планирате да шетате некаде по студеново време, соберете се и уживајте во една акциона петочна вечер.Елитни убијци (Killer Elite)
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Одличен филм. Меѓутоа преводот на ,,Лесно е да направиш убиство” е сосем погрешен и смешен. Зарем не знаете дека никогаш не се преведува буквално??

    • Кафе пауза Reply

      Превод од што? Може да се случи да се употреби и помалку соодветен термин некогаш, ама тоа не значи по дифолт дека е грешка во превод.

Напиши одговор на Кафе пауза Откажи одговор