Музика | Кафе пауза - Part 28

Најстилските музички видеа на сите времиња

Музиката и модата честопати одат рака под рака, па затоа не е ни чудно што нè возбудуваат музичките видеа со уникатен стилски печат. Еве ги оние во кои стилот и оригиналностa се на прво место...

„Bad Romance“ отсвирена на една гитара, но со четири раце

Популарната песна на екстравагантната пејачка Лејди Гага, „Bad Romance“, која само на Јутјуб собра околу 380 милиони гледања, доби нова интересна акустична верзија.

Најдобрите македонски хитови од 90-тите

Луди текстови, одлична музика, спотови снимани во Тајланд, Сиднеј и каде ли уште не, ова е генералната слика за квалитетната музика во Македонија во периодот на 90-тите години...

Преслатко девојче пее во дует со својот татко

24-годишниот Жорже Нарваез, кој е разведен млад маж со две мали дечиња, решил со неговата преслатка 6-годишна ќеркичка Алекса да пее во дует, снимајќи се во домашна атмосфера од удобниот кауч.

Песна за пријателите на Фејсбук

Оригинален видеоклип во кој се опејуваат различни видови пријатели кои сите ги имаме на најпопуларната социјална мрежа Фејсбук...

Ремикси за инстантно добро расположение

Без разлика дали слушате рок, поп, хип хоп или хаус музика, оваа плејлиста со најдобрите ремикси од 2010, со сигурност ќе ве разведри и ќе ви го направи денот повесел.

Транс песна отсвирена на гитара

Иван Добшон е брилијантен, инспиративен 29 годишен fingerstyle гитарист и композитор од Онтарио, Канада, познат по креативноста и интензивноста на неговото свирење и напредната, невообичаена техника.

Музичката кутија на Даниел Кампос

Даниел Кампос е повеќе од музичар и повеќе од танчар. Репертоарот на овој Филипинец го одликуваат толку многу стилови, што може да се споредува со некои големи светски музички имиња. Тој музиката ја прави жива.
Датум: 03 апр 2011
, Автор:

Пијано жонглер

Немојте погрешно да сфатите, овој човек не фрла пијана во воздух со цел да жонглира со нив, туку фрла топчиња по дирките на пијаното и притоа создава класична музика.

Песни за романтична атмосфера

Доколку деновиве планирате да организирате романтична вечер со вашиот партнер, овие добро одбрани песни, ќе ви помогнат да ја наелектризирате атмосферата со љубов и емоции.

Хорска изведба за феноменот Фејсбук

Замислете како би звучеле вашите Фејсбук статуси и коментари кога би биле испеани од страна на професионален хор? Не може да си замислите? Овој австралиски хор ќе ви покаже...

Интервју со Хипхоплетика

„При гостувањето во емисијата Бумбокс на канал 103, испивме „малу појќе“ и бевме многу безобразни. Копчето за цензура не работеше и згора на се емисијата траеше два часа повеќе од дозволеното.“
Датум: 10 мар 2011
, Автор: