Стрелец и стрелец – љубовна комбинација

Стрелец и стрелец – љубовна комбинација

Кога двајцата партнери се родени во хороскопскиот знак стрелец, нивните темпераментни личности, секогаш жедни за нова авантура и пронаоѓање на вистината, креираат една речиси совршена љубовна целина. Овие личности светот го гледаат низ „интелектуално око“ и секогаш се гладни за повеќе и повеќе учење.Стрелец и стрелец – љубовна комбинацијаКога стрелец и стрелец се во љубовна комбинација, тие уживаат поминувајќи долги часови во пријатни разговори на многу различни теми. Ним им е забавно меѓусебно да се подбуцнуваат да ги прифаќаат предизвиците кои им се појавуваат во животот, бидејќи на тој начин си го „скокоткаат умот“  за да им биде постојано активен.

Повремено, помеѓу овие партнери може да настане жестока расправија, кога еден од стрелците ќе ги премине границите на рационалноста, базирајќи се на некакви факти. Сепак безгрижните, релаксирани и независни стрелци, се високо компатибилни кога станува збор за балансот помеѓу нивните индивидуални интереси. Тие никогаш не чувствуваат љубомора во оваа врска, а кога времето не го поминуваат заедно, тие се зафатени со некои работни обврски. Заедничките моменти двајцата стрелци ги поминуваат негувајќи и задоволувајќи го својот партнер и емотивно насладувајќи се на нивните слични интереси.

И покрај тоа што овие личности се многу модерни и приспособливи, тие понекогаш знаат да изгубат контрола над емоциите и да претераат во реакциите кон својот партнер. Добрата вест е дека не е во природата на стрелецот да останува долго време непријателски настроен, ниту пак ќе дозволи несогласувањата со партнерот да се продлабочуваат и да траат долго.

Стрелецот е предводен од планетата Јупитер, која симболизира интелектуален развој на неговата личност. Бидејќи во случајов и двајцата партнери уживаат во стекнувањето знаења, тие ќе вметнуваат интересни досетливи идеи во нивната врска.

Кога двајца стрелци се во љубовна комбинација, тие мораат да бидат внимателни, во смисла да не ја концентрираат целата своја енергија во задоволства, бидејќи дозволувањето емоциите и страста да ги совладаат, само ќе ги дефокусира од битните работи. Шармот и харизмата кои ги поседуваат стрелците, ја прават нивната врска многу пријатна и симпатична, не само за нив самите, туку и за сите кои се во нивно друштво.

Стрелците навистина сакаат да го изживеат својот живот. Тие не само што се забавуваат разгледувајќи брошури од туристички агенции, туку нема да помине ниту многу време додека да одлучат каде сакаат да патуваат, да се спакуваат и да тргнат.

Тие исто така сакаат да испробуваат да работат на нови проекти, но не знаат добро да се справат со непредвидливите негативни ефекти од истите. Тие се нетрпеливи, импулсивни и енергични, па секогаш ќе изберат да работат на нешто ново во нивниот живот, наместо да се трудат да го поправат тоа старото.

Чудна карактеристика на стрелците е тоа што наспроти нивната дружељубива и ведра природа, тие имаат тенденција да зборуваат пред да размислат и таа особина често ги доведува во чудни социјални ситуации.

Најдобриот аспект од нивната врска е нивната голема компатибилност и желбата за постојано учење нови работи. Овој пар го има пронајдено совршениот баланс помеѓу интензивната страст и оставањето доволен простор на партнерот за „да може да дише“. Тие заеднички ќе го истражуваат надворешниот свет кој нуди бескрајни можности и искуства, а истовремено ќе ги продлабочат и нивните внатрешни интелектуални светови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Micho Reply

    Topoini za ova, taka e!!!

  2. Marjan Reply

    bombona kombinacija:)

  3. Мајичка Reply

    Најдобра комбинација која сум ја прочитала! ЦИтирам: тие понекогаш знаат да изгубат контрола над емоциите и да претераат во реакциите кон својот партнер. Добрата вест е дека не е во природата на стрелецот да останува долго време непријателски настроен, ниту пак ќе дозволи несогласувањата со партнерот да се продлабочуваат и да траат долго!
    Веднаш се смируваат:)

  4. BAKARO Reply

    TAKA E MAJICKA TOTALNO SI VO PRAVO OD ISKUSTVO :))))

Напиши одговор на Мајичка Откажи одговор