Што означува доаѓањето на жетварската месечина?

Што означува доаѓањето на жетварската месечина?

На 24-ти септември ќе имаме уште една посебна полна месечина, а овој пат станува збор за жетварската месечина.

Што означува доаѓањето на жетварската месечина?

Што претставува жетварската месечина?

Името жетварска месечина ѝ е дадено на полната месечина што е најблиску до есенската рамноденица. Ова е врвот на лунарните настани, и тоа не само затоа што месечината ќе биде поголема и со посилна боја. Жетварската месечина им била потсетник на фармерите да ги наберат нивните поседи, а сега е знак за почеток на сезоната во која сите сакаат партнер.

Оваа година жетварската месечина ќе го достигне врвот на 24-ти септември во 22:52 часот, но ќе биде видлива многу порано – веднаш по зајдисонцето. Исто така, месечината ќе изгрева рано и неколку ноќи по 24-ти.

Што друго треба да знаете за жетварската месечина?

Оваа жетварска месечина ќе биде во Овен, па ќе ги нагласи сите грижи поврзани со вашите врски. Очекувајте да се чувствувате растргнато помеѓу независноста и партнерството. Овој период добро ќе размислите за вашите најблиски врски. Ако постојат некои слаби врски, жетварската месечина веднаш ќе ви ги открие. На вас останува да направите избор.

Што треба да направите?

Слушајте го вашиот инстинкт и дајте си простор за размислување. Овенот е знакот на делувањето и брзите одлуки, па пред да направите нешто, осигурете се дека ви е јасно што сакате, без разлика што ви велат другите. А ако ви е потребен одмор, едноставно излезете надвор и уживајте во спектакуларната месечина.

Дознајте и кои хороскопски знаци ќе бидат незапирливи во сезоната на Вагата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар