На кој тип личности сте му привлечни според вашиот хороскопски знак?

Астрологијата, освен што ни ги открива разните карактеристики и афинитети на секој хороскопски знак и нивната меѓусебна компатибилност, ни објаснува и зошто одредени знаци нè привлекуваат повеќе од други. Секој од нас има одредени очекувања за тоа што сакаме да поседува нашиот идеален партнер и, на еден или друг начин, сите се стремиме да го пронајдеме „капачето на нашето тенџерче“. Откријте што вас ве привлекува или одбива кај секој од знаците и кои особини треба да ги поседувате, за да биде вашата љубовна врска компатибилна.

На кој тип личности сте му привлечни според вашиот хороскопски знак

Овен

Оние коишто се привлечени од Овните се типови луѓе коишто се во потрага по авантура. Тие знаат дека Овенот постојано бара некаква возбуда, којашто може да им помогне да излезат надвор од нивната „школка“ и да ги направи похрабри. Овие се проактивни луѓе, коишто имаат амбиција да прават промени во животот. Од друга страна, оние пасивните кои чекаат другите да сторат нешто место нив, ќе изберат некој друг хороскопски знак – Овенот не е за нив. Тие сакаат да бидат во љубовна врска со Овенот, бидејќи се палави и весели луѓе, коишто не сакаат да живеат мирен живот и да „остарат заедно“. Тие се свесни дека со Овенот животот постојано ќе им биде забавен, активен и обновлив.

Карактеристики кои треба да ги поседувате: сакате забава, со задоволство прифаќате да бидете на второ место во одлучувањето (веднаш после Овенот), релаксирани, спонтани личности, кои не се ограничуваат со строги правила на живеење.

Бик

Луѓето коишто се привлечени од припадниците на знакот Бик се во потрага по лојалност. Тие знаат дека кога Бикот ќе одлучи да сака друга личност, тоа чувство нема да се промени. Тие исто така знаат дека Бикот преферира релаксиран живот наместо драматичен и тој или таа има тенденција да биде многу интелигентна личност. Идеалните партнери за Бикот се исто така релаксирани луѓе, коишто го ценат тоа што може да се потпрат на Бикот и безрезервно да му веруваат.

Карактеристики кои треба да ги поседувате: емотивно зрели, финансиски стабилни, трпеливи.

Близнаци

Луѓето коишто се привлечени од Близнаците се во вечна потрага по возбуда во животот. Ним многу им се допаѓа тоа што Близнаците се секогаш, секогаш возбудени за нешто, дури и ако тоа за коешто се возбудени, се менува од недела во недела (некојпат од час во час). Овие личности сакаат да бидат во врска со Близнаци, бидејќи мечтаат и нивниот живот постојано да вклучува нови нешта, како на пример, нови страсти, проекти и соништа.

Карактеристики кои треба да ги поседувате: среќни, слободоумни, непристрасни, повеќе релаксирани отколку формални.

Рак

Луѓето коишто посакуваат да бидат со некој што е Рак се во потрага по вистинска, длабока љубов. Тие знаат дека Раковите располагаат со цврста карактерна основа, врз која можат заеднички да ја создаваат нивната иднина. Овие се типови луѓе коишто сакаат да бидат во сериозна врска и по можност таа да трае до крајот на животот. Исто така, бидејќи Раковите се колебливи околу тоа дали богатството им е важно во животот, имаат тенденција да привлекуваат богати партнери, бидејќи ним им е јасно дека овој хороскопски знак не би ги избрал нив заради парите.

Карактеристики кои треба да ги поседувате: сензуални, емотивно длабоки, „стари души“.

На кој тип личности сте му привлечни според вашиот хороскопски знак

Лав

Луѓето коишто имаат симпатии кон Лавовите се во потрага по вистинска „ѕвезда“. Тие сакаат да бидат крај некој што е истовремено паметен, креативен, кул и популарен во своето социјално опкружување. Да се биде во врска со Лав, е исто како да излегувате со претседателот на вашата генерација во средно школо. Лавовите со нивната појава оставаат впечаток на интригантни личности, за кои би било необично да се решат да бидат во врска со обичен смртник.

Карактеристики кои треба да ги поседувате: дарежливи, добри комуникатори, покорни.

Девица

Луѓето коишто посакуваат да пронајдат некоја Девица во својот живот се во суштина во потрага по „безбедна локација за слетување“. Нив им се допаѓа тоа што Девиците се секогаш прибрани, организирани и дисциплинирани и помалку патат од синдромот на „возрасни деца“ како останатите луѓе. Девиците особен впечаток им оставаат на лицата коишто се во 20-тите години од животот, благодарение на нивната способност полесно да ги сфаќаат работите, коишто им делуваат сложено на останатите луѓе. Нажалост, Девиците имаат тенденција да западнат во сопствена стапица и да излегуваат со луѓе коишто сакаат само да го искористат нивниот организиран карактер за свои лични потреби.

Карактеристики кои треба да ги поседувате: инстинктивни, харизматични луѓе, коишто сакаат да се забавуваат.

Останатите 6 знаци прочитајте ги на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар