На кој тип личности сте му привлечни според вашиот хороскопски знак? - Part 2

На кој тип личности сте му привлечни според вашиот хороскопски знак?

Вага

Луѓето на коишто им се допаѓаат Вагите се во потрага по рамноправен љубовен партнер во нивниот живот. Вагите умеат да се прилагодат на речиси сè што прават, особено кога се работи за нешто коешто подразбира употреба на емоционална интелигенција. Токму поради тоа, тие привлекуваат партнери коишто го сакаат најдоброто за самите себеси – квалитетен партнер, којшто ќе им го подобри животот во секоја сфера.

Карактеристики кои треба да ги поседувате: амбициозни, интровертни, сочувствителни и љубезни.

На кој тип личности сте му привлечни според вашиот хороскопски знак

Скорпија

Луѓето коишто сакаат да излегуваат со Скорпии, посакуваат да почувствуваат искрена, чиста, сирова страст. Ниеден друг хороскопски знак не може да им се приближи на Скорпиите со нивното ниво на интензитет и фокус кога тие имаат некаква зацртана цел. Да бидеме реални, дали можете да обвините некој којшто се прашува какво би им било, доколку таа моќна страст на Скорпијата, е насочена кон нив?! На луѓето коишто ги привлекуваат Скорпии, им е кристално јасно дека нивниот живот нема никогаш повеќе да биде досаден или вообичаен, ако излегуваат со претставник на овој знак.

Карактеристики кои треба да ги поседувате: искрени, интелигентни, сензуални.

Стрелец

Оние коишто сакаат да бидат со некој што е Стрелец во хороскоп се во потрага по партнер којшто ќе умее да ги насмее и расположи. Тие знаат дека Стрелецот, не само што е најинтересниот знак во Зодијакот, туку тој/таа има потенцијал да биде неверојатен пријател и партнер. Стрелците најмногу си одговараат со луѓе коишто бараат момче/девојка којашто во љубовните партнери очекува да го пронајде и својот најдобар пријател.

Карактеристики кои треба да ги поседувате: опуштени, конзервативни, хумористични.

Јарец

Луѓето коишто ги привлекуваат Јарци, се прагматичари или практични, елегантни и културни луѓе коишто се насочени кон остварување на нивните цели. Тие се свесни дека Јарците можат да им понудат нешто, коешто другите знаци го немаат во себе: личност којашто има одличен вкус, на која можат да сметаат за многу нешта во животот и која најверојатно нема да се посрамоти во јавност или да им издаде некоја тајна. Јарците привлекуваат луѓе со традиционални вредности, коишто го сакаат најдоброто од животот.

Карактеристики кои треба да ги поседувате: повеќе формални отколку спонтани, амбициозни и интелигентни личности. Пожелно е и да не сте премногу сензитивни или сензуални.

Водолија

Луѓето коишто сакаат да излегуваат со Водолија копнеат за живот исполнет со смисла. Тие знаат дека енергијата со којашто располагаат Водолиите, им е насочена кон правење добри дела и помагање на луѓето околу нив. Нив магнетски ги привлекува дарежливиот дух на Водолиите.

Карактеристики кои треба да ги поседувате: дарежливи, сензитивни луѓе, кои длабински ги чувствуваат емоциите.

На кој тип личности сте му привлечни според вашиот хороскопски знак

Риби

Луѓето коишто се привлечени од Рибите се во потрага по редовна доза креативност. Тие знаат дека Рибите се емотивно длабоки, „стари души“, коишто уметнички го живеат нивниот живот, исполнувајќи го нивното секојдневие со добра храна, уметност и музика. Нив ги привлекува идејата покрај себе да имаат партнер до крајот на животот, којшто може да им помогне да се изразат себеси, низ сите разни уметнички облици.

Карактеристики кои треба да ги поседувате: интелигентни, интровертни, сензуални.

Доколку сте Овен или познавате некој Овен во хороскоп, ѕирнете ги и овие 20 животни принципи според кои Овните треба и сакаат да се водат низ животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар