20 животни принципи според кои се води секој Овен

Голем број луѓе многу погрешно го толкуваат карактерот на родените во хороскопскиот знак Овен, особено припадничките на женскиот пол, а ние сметаме дека тие заслужуваат подобар третман. За таа цел, подготвивме дел од најточните и најописните животни принципи на Овните, со надеж дека истите ќе ја адресираат нерамнотежата предизвикана од неточните факти коишто се шират преку Интернет, за овој хороскопски знак.

20 животни принципи според кои треба да се води секој Овен

1. Јас сум оптимист. Не гледам никаква придобивка од тоа да бидам нешто различно од тоа.

2. Доколку сакаш да ги оствариш твоите сништа, првото нешто коешто треба да го направиш, е да се разбудиш.

3. Нашиот ум е како падобран. Не работи, доколку не е отворен.

4. Држете се настрана од луѓето коишто сакаат да ги намалат вашите амбиции. Малите луѓе секогаш го прават тоа, но вистинските големи луѓе од друга страна, ќе направат да се чувствувате дека и вие, исто како нив, можете да станете голем човек.

5. Единствен начин да имате пријател, е и вие да бидете тоа.

6. Уживајте во малите нешта, бидејќи еден ден можеби ќе се навратите назад во спомените и ќе сфатите дека тие, всушност биле големите нешта.

7. Јас не го знам клучот до успехот, но знам со сигурност дека клучот за неуспехот, е обидот да ги задоволите сите околу себе.

8. Не сè што може да се брои е од голема вредност и не сè што вреди може да биде изброено.

9. Не можете да се ослободите од темнината, со повеќе темнина – тоа може да се постигне само со светлина. Дополнителната омраза, не може да ја отстрани веќе постоечката омраза – тоа може да се постигне само со љубовта.

10. Чувањето на гневот во себе, е како да фатите жежок ќумур, со намера да го фрлите кон некој друг. Вие сте тие коишто на крајот ќе завршите изгорени.

11. Најдобриот излез од секоја ситуација, е преку поминувањето низ неа.

12. Немојте да плачете бидејќи завршило, насмевнете се бидејќи се случило.

13. Постојат два начина за ширење на светлината: 1. Да бидете свеќа или 2. Да бидете огледало коешто ја рефлектира свеќата.

14. Никогаш немојте да предвидувате некаква неволја или однапред да се грижите за нешто коешто можеби нема никогаш да се случи. Наместо тоа, уживајте во сончевата светлина.

15. Ве охрабрувам секогаш да забележите кога ќе се почувствувате среќни. Привикнете на глас, промрморете тивко или помислете си во себе: „Ако ова не е фино, тогаш не знам што е!“

16. Јас сум во потрага по љубов. Исто како и новороденчето, без постоење на љубовта, јас умирам. Кога сум навистина заљубен, не постои личност што ќе биде посовесно верна од мене.

17. Не секогаш можам умешно да ги изразам моите чувства, но не дозволувајте тоа да ве залажува – тие се присутни.

18. Обожувам да правам услуги за другите. Колку поголем е доброволниот гест, толку подобро за мене.

19. Јас секогаш морам да бидам прв, а вие ќе бидете среќни доколку го запомните тоа. Од друга страна, сакам вие да бидете мој сопатник, на моето авантуристичко патување.

20. Јас сум во потрага по некаква цел, којашто ќе ја предизвика мојата храброст и ќе ми помогне да креирам поидеален свет од постоечкиов.

Може да ве интересираат и овие 30 брутални вистини за карактерот на Овните.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар