10 едноставни, но чудни навики што ќе ви помогнат да живеете подолго

Ако се грижите за вашето здравје, а не сакате да се откажете од задоволствата во животот, имаме добри вести за вас. Постојат некои необични, но пријатни навики што ќе ви помогнат да бидете и среќни и здрави. Овие навики дури можат да го продолжат и вашиот живот.

1. Најдоброто време за спиење е помеѓу 22 и 6 часот

10 едноставни но чудни навики што ќе ви помогнат да живеете подолго

Кинеските лекари направиле цел систем кој што кои органи закрепнуваат во одреден период и зошто спиењето од 22 до 6 часот е најдобро ако сакате да живеете подолго. На пример, имунитетот се бори со вирусите и ги отстранува токсините од телото меѓу 21 и 23 часот. Црниот дроб се обновува помеѓу 23 и 1 часот, а белите дробови се чистат од 3 до 5 часот. Поради ова во овој период може да се појави блага кашлица. Цревата се чистат наутро, односно од 5 до 7 часот.

2. Игнорирајте го мислењето на другите

10 едноставни но чудни навики што ќе ви помогнат да живеете подолго

Научниците сметаат дека игнорирањето на туѓото мислење може да ви помогне да живеете подолго. Кога размислувате за реакциите на луѓето околу вас, вие сте ограничени, помалку спонтани и почесто се чувствувате нервозни. Сето ова ја намалува вашата среќа, а веќе знаете дека несреќната личност живее пократко.

3. Сончајте се

10 едноставни но чудни навики што ќе ви помогнат да живеете подолго

Сончевата светлина ни дава витамин Д. Овој витамин не само што ги намалува симптомите на депресија, туку го намалува и ризикот од дијабетес. Во 2016-та година со големо истражување научниците откриле дека луѓето кои се сончале повеќе од еден час дневно имале 67% помали шанси да развијат кој било вид рак за разлика од оние кои не минувале толку време на сонце.

4. Поретко мијте ги забите

10 едноставни но чудни навики што ќе ви помогнат да живеете подолго

Ако често сакате да се туширате, можеби треба подобро да размислите за тоа. Лекарите од Лондон докажале дека сапунот во комбинација со жешка вода го отстранува заштитниот слој масти од кожата. По некое време овој слој станува сув и не може да го штити телото. Поради ова туширајте се поретко и повнимателно. Заболекарите изјавиле нешто слично. Пречестото миење на забите и користење течност за плакнење на устата може да го оштети емајлот. Ова најмногу важи ако ги миете забите веднаш после оброк бидејќи многу продукти го омекнуваат емајлот и ги прават забите посклони на штета.

5. Јадете повеќе домати

10 едноставни но чудни навики што ќе ви помогнат да живеете подолго

Американските научници спровеле истражување коешто траело 11 години. Тие го споредувале здравјето на 5.000 испитаници заедно со храната што ја консумирале и заклучиле дека можете да го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести за 36% ако внесете домати во вашата исхрана. Според експертите, причината е антиоксидансот во доматите наречен ликопен.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар