4 начини на кои токсичните луѓе го намалуваат перформансот на вашиот мозок

4 начини на кои токсичните луѓе го намалуваат перформансот на вашиот мозок

Токсичните луѓе можат да ја рушат вашата самодоверба, да ги спречат вашите обиди да се движите напред во животот и да ја „крадат“ вашата енергија додека не останете празни. Но токсичните луѓе буквално ја намалуваат и способноста на вашиот мозок, спречувајќи го да функционира ефикасно. Најлошо од сè е што нивните постапки имаат негативен ефект на некои од најважните процеси и способности што ви се потребни за да го живеете вашиот најдобар живот.

4 начини на кои токсичните луѓе го намалуваат перформансот на вашиот мозок

1. Токсичноста ја цица вашата ментална енергија и ве остава празни

Еден од најчестите начини на кои токсичните луѓе го намалуваат вашиот перформанс е трошење со вербално и емоционално малтретирање. Ако сте искусиле нешто слично, сигурно знаете како изгледа овој замор. Се чувствувате како целиот живот да е исцеден од вас и едвај функционирате. Најдобро нешто што можете да го направите е да не се врзувате со ова токсично однесување. Но понекогаш во зависност од ситуацијата, полесно е да се каже ова отколку да се направи. Тогаш е потребно да се борите против токсичноста со позитивност.

2. Токсичноста ја намалува вашата креативност

Многумина зависат од нивната креативност, па дури и ако не се идентификуваат како уметници. Креативноста е како управител на делот од мозокот за решавање проблеми. Па, ако е потисната, потешко ќе ги решавате проблемите и потешко ќе се соочувате со животните предизвици. На креативноста ѝ е потребен „чист“ пат, а анксиозноста и стресот го спречуваат ова. Токсичните луѓе ја убиваат вашата креативност, а ова има влијание на секој аспект од животот.

Најчесто е многу лесно да ја вратите креативната енергија, но најдобро е да се ослободите од стресот и анксиозноста со тоа што ќе го намалите присуството на токсичните луѓе во вашиот живот. Дружете се со повеќе позитивни луѓе или одвојте време за себе за да се релаксирате.

3. Нивната постојана главоболка ја намалува вашата концентрација

Концентрацијата е една од нашите супер моќи. Многу луѓе не се свесни колку е важна концентрацијата за изведување на речиси секоја обврска што постои. Но постојаното негативно зборување од страна на токсичните личности може значително да ви ја намали концентрацијата. Вежбите како медитација можат да ви помогнат во ова, но најдобро е целосно да го промените опкружувањето. Па, направете што било за да се ослободите од овие луѓе.

4. Ве тераат да размислувате негативно за себе

Последниот начин на којшто токсините луѓе го намалуваат перформансот на вашиот мозок е со поттикнување на веќе постоечкото, но и создавање ново негативно размислување за себе. Постојат неколку нешта поотровни за вашиот ментален перформанс од сомневањето во себе, а дури и најсилните луѓе ќе попуштат ако постојано добиваат негативни критики. Штом ќе ви кажат дека сте глупави, грди или недоволно добри, по стоти пат, ќе почнете да верувате во тоа, па дури и ако е само потсвесно. Повеќето од нас веќе имаат некои негативни мисли за себе. Овој вид малтретирање само ќе ги потврди сомнежите што сте ги имале за себе и ќе ја влошат вашата ситуација.

За среќа, потребно е време за да се развијат овие последици, па ако ги забележите брзо и делувате навреме ќе можете да излезете од ситуацијата неповредени и да продолжите со вашиот живот.

Дознајте и кои се 10-те типови токсични луѓе кои ја одземаат вашата енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар